,, БРАНИТЕЛИ 2025  ,, - XIV - Меморијален планинарски марш, 14 September

,, БРАНИТЕЛИ 2025 ,, - XIV - Меморијален планинарски марш

Highlights

Sun, 14 Sep, 2025 at 06:15 am

Баба планина - врв Вртушка ( 2010мнв) Битола

Advertisement

Date & Location

Sun, 14 Sep, 2025 at 06:15 am (CEST)

Баба планина - врв Вртушка ( 2010мнв) Битола

Манастир, Битола, Северна Македонија, Bitola, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of

Save location for easier access

Only get lost while having fun, not on the road!

About the event

,, БРАНИТЕЛИ 2025 ,, - XIV - Меморијален планинарски марш
Почитувани граѓани, планинари и љубители на планината.

ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ ПОЛИЦИСКИ КЛУБ 7-ми Мај, на ден 14.09. 2025 година (недела), го организира и ве поканува, на XIV-ти планинарски меморијален марш ,, БРАНИТЕЛИ 2025,,
Во чест на хероите - со чекор, сеќавање и почит, преку планинарска патека до првиот врв на Баба планина - Вртушка 2010мнв.

Настанот е посветен на сите бранители кои ги положија своите животи за независноста, мирот и слободата на Македонија.

Програма:
- 06:15 - 06:30час Собирање на учесниците пред фонтана МВР Битола.

- 06:30-06:35час Полагање цвеќе на споменикот на Бранителите.

- 06:40час Поаѓање кон превој Дервен-Ѓавато. ( Превозот со автобус е безплатен )

- 07.30.час Старт на маршот.

- 11.00-11.30час Пристигнување на св.Спас. и врв Вртушка 2010мнв. ( планирани паузи во зависност од движењето ) Слободно време.

- 12.30час Враќање по истата патека кон Дервен.

- 15.30час Дружење,( ручек од ранец) доделување на благодарници во дворот на црквата св.Богородица-Ѓавато.

( временската рамка е приближна и зависи од теренот и временските услови )


Корисни информации:

Маршрутата во еден правец е долга 12 км,со висинска разлика околу 1000 метри, погодна за сите планинари со основна кондиција.

- Патеката е маркирана, минува низ густа дабова и борова шума, а спаѓа во средно тешка категорија.

Потребна опрема - удобни планинарски обувки, подпирачи, слоевита облека, вода - најмалку 2 литри, заштита од сонце, храна.

Дополнителна исхрана :

Храна од ранец по своја желба, суво овошје ,свежо овошје и зеленчук, сендвичи, магнезиум , електролити ...

Напомена :

-Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведената планинарска акција е организирана и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
Организаторот и водичите имаат право да исклучат некој, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведената планинарска акција, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

ПРИЈАВУВАЊЕ : Најдоцна до 11 Септември (четврток) 2025 год. на телефонските броеви:
- 076 242 070 Симе.
- 070 395 892 Стевче.

interested
Stay in the loop for updates and never miss a thing. Are you interested?
Yes
No

Ticket Info

To stay informed about ticket information or to know if tickets are not required, click the 'Notify me' button below.

Advertisement

Nearby Hotels

Баба планина - врв Вртушка ( 2010мнв) Битола, Манастир, Битола, Северна Македонија, Bitola, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Get updates and reminders
Advertisement
 ,, БРАНИТЕЛИ 2025  ,, - XIV - Меморијален планинарски марш, 14 September
,, БРАНИТЕЛИ 2025 ,, - XIV - Меморијален планинарски марш
Sun, 14 Sep, 2025 at 06:15 am