На 30 и 31-ви август(сабота и недела) ЕГ Грин Пауер по 6-ти пат организира промоција на нашата прва трансверзала Папрадиште(Чашка)- Горна Белица(Македонски Брод) .
ИСТОРИЈАТ НА ТРАНСВЕРЗАЛАТА : За прв пат оваа патека беше трасирана во 2016 година. Во нејзино маркирање и трасирање учествуваа над 30 волонтери и после две/три години волонтерски ангажман, продолжуваме со нејзина промоција и кревање на завесата од самракот на заборавот на овој реон во МКД.
Планинарите со оваа тансверзала добија нова планинарска патека, прекрасно парче ароматизирана оаза, преполна со кондензирана повеќе- децениска тишина, во која човекот битисувал само како мислена именка или како нацртан предмет во фантазијата на некој од нас.
Оваа трансверзала во само 19.3 км ги спојува едни од двете најубави села во Македонија - мијачкото село Папрадиште и поречкото село Белица со најчистата река на Балканоти и во кое се уште има активна воденица за мелење жито !
Низ Горна Белица тече најкратката и најчиста река( I класа) во МКД - Белешничка река(притока на Треска), со должина од 5 км, во која се уште пливаат пастрмки.
Детали за Белица на линкот :
?si=VyiY5BD_WH_RJrhP
ДЕТАЛИ ЗА ПАТЕКАТА :
ТУРАТА Е СРЕДНО ТЕШКА, технички не е захтевна, но е напорна поради должината и висинската разлика.
- СТАРТ НА ТУРАТА : Центар на село Папрадиште (1000мнв) во 6.30 ч.
- се оди 4.1 км ( околу 2 часа) по маркирана патека(црвено/сина боја) до месноста Куртовица(1680мнв).
Оттука по земјен пат и сино бела маркција се продолжува 1.5 час до највисоката кота/седло на 2100 мнв(под врв Даутица).
Се продолжува во правец север/северозапад околу 2 часови по блага надолнина по маркирана патека(црвено бела боја) до преслап Момина Чука(1550мнв)која претставува природна граница помеѓу Даутица и Поречието.
Од Момина Чука до с.Горна Белица(650 мнв), се оди близу три часови во континуирна надолнина минувајќи низ нечепнати предели и извонредно густа шума. Во овој дел потребна е внимателност и постои можност за отежнато движење поради дивиот предел и можност за паднати дрвја поради пожарите во изминатите две години.
Патеката е маркирана по цела должина со црвено бела боја до с.Горна Белица, но одделни делници се со уништени маркации и потребно е присуство на водичи.
ТЕХНИЧКИ ДЕТАЛИ :
Патеката НЕ Е КРУЖНА !
ВКУПНА ДОЛЖИНА НА ПАТЕКАТА : 19.3 ( 20 км до кооперација)
Вкупно време на пешачење во група : 11 до 12 часови
Вкупна висинска разлика : 1100 мнв.
Минимална надморска височина : 650 мнв(с. Белица ).
Максимална надморска височина Седло/под Врв Даутица (2100 мнв).
Максимално позитивен наклон ( нагорнина) : 17 степени.
Максимално негативен наклон(надолнина) : 26 степен.
Вкупно искачување : 1235 мнв
Вкупно симнување : 1631 мнв
Графички и ГПС приказ на патеката ќе објавиме во рамките на настанот како дополнителна информација.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење минимум 2.5 ЛИТРИ ВОДА со оглед дека првиот извор се наоѓа на Куртовица, на 4.5 километри од Папрадиште.
Втор извор се наоѓа во Стојаново Бачило(1.5 час после Куртовица) под Даутица, но неговата издашност е проблематична.
СТАРТ НА ТУРАТА :
- САБОТА(30-ти август) во 6.30 часот од дворот на Планинарски дом Папрадиште.
НОЌЕВАЊЕ : Сабота(30 август) во Горна Белица во стари, амбиентални куќи од рустикален тип во претежно во трокреветни, четирикреветни и повеќекреветни соби.
За вечерта ќе се организира заедничко дружење и вечера- како врвен специјалитет домашно подготвена пастрмка, тава грав,ориз и мезе во селската кооперација, подготвена од страна на нашиот домаќин и гурман Борче Миленкоски
- Во недела(31 август) е предвидена и посета на супер атрактивната пештера Голубарник која се наоѓа на 3 км ( 1 час пешачење) од село Белица
Доколку има зголемен интерес, секој учесник ќе може да ноќева во сопствен шатор на пространата ливада пред кооперацијата .
ВКУПНА ЦЕНА од Велес : 2000 денари.
ВКУПНА ЦЕНА од Скопје : 2300 ден.( доколку сме во можност ќе се обезбеди превоз)
Во цената е вклучен превоз од Скопје/Велес до Папрадиште, и од Горна Белица до Велес и Скопје+ вечера+ноќевање+посета на пештера Голубарник.
Капар : 500 денари.
ТРГНУВАЊЕ со ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ :
Сабота(30 август) во 5.00 часот од постојката под Судот во центарот на Велес.
ТРГНУВАЊЕ од Скопје : Сабота( 30-ти август) во 4.45 ч. од железничка станица од паркингот пред Пошта 2 ( оваа варијанта е доколку се организира превоз од Скопје)
ВРАЌАЊЕ - Недела по договор со учесниците.
НАПОМЕНА : Можни се промени во сатниците на тргнување доколку организаторите проценат !
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење кабаница/водоотпорна јакна, добро разгазени планинарски чевли, батериска/челна ламба, мобилни телефони со полни батерии, планинарски стапчиња.
-Капа, крема и очила за сонце.
ИСХРАНА од ранец.
ВАЖНО : ПОТРЕБНА Е ОДЛИЧНА ПСИХО-ФИЗИЧКА КОНДИЦИЈА за оваа тура.
СЕКОЈ ДОАЃА НА СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ. Организаторот по потреба или поради најавени лоши временски услови го задржува правото да ја промени маршрутата или да ја откаже или одложи турата.
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ и останатите технички препреки.
ПРИЈАВУВАЊЕ : До 27 август(среда) или до пополнување на бројка.
Поради комплексноста на турата, ЗАДОЛЖИТЕЛНО е пријавување и резервација за сите оние кои сакаат да учествуваат во нејзина промоција и афирмација.
МАКСИМАЛЕН БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ за спиење во куќи: 20. Бројката е ограничена поради ограничените сместувачки капацитети.
Телефони за контакт, информации и пријавување :
075 361 877(Игор), 078 276 148( Даниела)
ДА И ДАДЕМЕ ЖИВОТ на оваа прекрасна трансверзала која ги поврзува најубавите предели на Поречието и Даутица.