Вљубеници во природата, планинари, планинарки и сите за кои предизвик се искачени 4 врва и уживање во добра забава на врв Лисец под ѕвездите не ја пропуштајте
4К Трансверзала на 14-15 јуни 2025
во организација на ПК "Лисец " Штип
Запознајте ја убавината на планината Плачковица со четирите највисоки врвови на кои се наоѓаат четирите препознатливи крста.
1. Романтичниот врв Чупино (1.725мнв) и неговата "тераса на љубовта";
2. Мистичниот врв Бел Камен(1 707мнв) со најубавите цветни ливади;
3.Величествениот Лисец(1.754мнв), врв со најголем доглед на Балканот, тронот на Плачковица и
4. Светиот врв Црквиште(1.700мнв) сведок на нашето постоење со црквата Св.Спиридон
ОПИС на акцијата:
14 јуни(сабота) Поаѓање со организиран превоз во 5.30 часот од стадион/пошта Штип кон с.Блатец. Пристигнување околу 6:30 часот, кратка подготовка и старт на акцијата. Групата се упатува кон врв Чупино, пешачење околу 3 часа со уживање во прекрасниот поглед од терасата на љубовта. Пауза 30 мин и поаѓање кон врв Бел Камен со попатно уживање во прекрасните цветни ливади. По пешачење од 2 часа уживање на врвот во прекрасниот отворен поглед и одмор од 30 минути. Потоа групата се упатува кон одредиштето за првиот ден, врв Лисец со пешачење од 2 часа. Постои можност за искачување на ферата Лисец. На врвот организаторите веќе ги поставиле шаторите, го запалиле логорскиот оган и ја подготвуваат вечерата. Забава под ѕвездите и ноќевање.
15 јуни(недела) Будење на изгрејсонце и уживање со кафе и појадок подготвен од организаторот, подготовка и поаѓање кон врвот Црквиште со попатно уживање во многуте убавини како и можност да се види кањонот на река Ломија. Пешачење до врвот 5-6 часа каде се прави подолга пауза, од каде групата се упатува кон билбордите од каде со организиран превоз се оди во планинарски дом Вртешка каде што ќе биде послужен ручек/пилешка чорба и ќе се доделат книшки со печат од четирите врвови и вкупно пропешачени 50 км. Потоа со организиран превоз сите учесници ќе бидат одвезени до Штип.
ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
Облека соодветна на временските услови, удобни чевли за пешачење, заштитна крема со фактор, капа, очила за сонце, кабаница и јакна за заштита од ветар, планинарски стапчиња, кондициона храна за време на пешачењето, вода минимум 1,5 литри.
Шатор, подлога за шатор доколку имате, подлога/изолатор за спиење, вреќа за спиење, ферата сет, шлем и појас за оние кои ќе сакаат да ја качуваат фератата Лисец.(испратени во превоз со организаторот). Секој со себе во ранец ќе носи само најпотребното како за еднодневна акција.
Секој учесник согласно своите психо-физички способности учествува на сопствена одговорност.
Секој учесник треба да е член на ФПСМ.
Организаторот обезбедува:
-храна - сабота/вечера, недела/појадок, ручек;
-организиран превоз Штип-с.Блатец, Билборди-пл.дом Вртешка - Штип;
-маица и книшка со печат од врвовите.
ЦЕНА: 1.800 денари
ПРИЈАВУВАЊЕ и извршена уплата најдоцна до 12 јуни 2025г.
Александар 070-210-063
Емилија 070-348-845
(при пријавувањето кажете големина на маица и доколку сте веган)
ВАШ ПК"ЛИСЕЦ" Штип
You may also like the following events from ДПС Лисец - Штип / DPS Lisec - Shtip: