Подгответе се - на 18 мај одиме на искачување!
Очекувајте викенд исполнет со авантура!
Организирано искачување до врвот Голема Даутица - идеално за сите што сакаат планина,природа и добро друштво!
Детали за настанот:
• Датум: 17.05.2025 Пристигнување во Планинарскиот Дом Чеплес - ве очекува топла атмосфера,дружење и друштвени игри, споделување на планинарски приказни и создавање нови пријателства.
18.05.2025 Искачување на врвот Голема Даутица
• Место на тргнување кон врвот: Планинарски дом Чеплес
• Време на тргнување кон врвот: 06:30 часот
• Траса: Чеплес – Голема Даутица - Чеплес
• Цена: Стар дел - 500ден. / Нов дел - 700ден.
Што ви нудиме?
• Организирано искачување: Под водство на искусни планинари, ќе ве водиме по живописната патека од Планинарскиот дом Чеплес до врвот Голема Даутица.
• Вкусен ручек: По успешно искачување, Планинарскиот дом Чеплес ќе ви понуди топол и вкусен ручек, подготвен специјално за сите учесници на настанот. Совршен начин да се одморите и да се наградите по авантурата!
Патеката е со средна тежина, идеална за сите кои уживаат во планинарењето, без разлика на нивото на искуство. Важно е да носите удобни обувки за пешачење, вода и некое енергетско барче или ужинка.
*Патот до П.Д Чеплес е прооден за доаѓање со автомобил преку с. Нежилово со внимателно возење (препорачуваме доаѓање со високо возило - џип)
Пријавувањето е отворено - обезбедете си место навреме и уживајте во незаборавно доживување на планина.
За пријавување и повеќе информации, јавете се на 070377292.
Секоја резервација е валидна само со уплата на жиро сметка на П.Д Чеплес - 200002656266228
Планинарскиот дом Чеплес ве очекува!