Планинарски Клуб „Љуботен“ ве кани на 70-от традиционален Илинденски слет на Лешница 2025.
Оваа година, настанот има посебно значење, затоа што оваа година за нас како организатори, е јубилејна!
100 години постоење - Планинарски Клуб „Љуботен“
100 години вредности за 100 години иднина!
Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ - Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија за „Организација на големи традиционални планинарски акции“, Планинарскиот Клуб „Љуботен“ ги поканува сите друштва/клубови да земат учество на овој заеднички планинарски настан. Сите заинтересирани друштва/клубови задолжително е да се пријават преку формуларот за пријавување, со што би стекнале статус на учесник во организираната активност.
- ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ - „70 ТРАДИЦИОНАЛЕН ИЛИНДЕНСКИ СЛЕТ НА ЛЕШНИЦА 2025“ - Планинарски клубови / Здруженија -
https://forms.gle/4y25gdmdd6S77viu5
ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ - „70 ТРАДИЦИОНАЛЕН ИЛИНДЕНСКИ СЛЕТ НА ЛЕШНИЦА 2025“ -
https://forms.gle/pPHLteCNAkeYS4J4A
ПРОГРАМА
07:00 - поаґање со комби превоз, пред просториите на Планинарски Клуб „Љуботен“ - Тетово кон Попова Шапка
07:30 - тргнување кон Горна Лешница од Попова Шапка
09:30-10:00 - поминување на Горна Лешница
11:30 - пристигање на Лешница и краток одмор
12:00-13:30 - посета на кадите на Кривошијска Река
14:00 - тргнување кон с.Бозовце
16:00 - пристигнување во с. Бозовце и тргнување со комби превоз кон Тетово
ИНФОРМАЦИИ
• Транспортот ќе биде координиран од П.К. „Љуботен“ – Тетово. За транспортни трошоци секој учесник партиципира по 600 ден. Повратен билет со комби превоз.
• Пријавувањето го прави секој, а може да се изврши со пополнување на формуларот за пријавување и на официјалната е-маил адреса на клубот,
a29udGFrdCB8IHBrbGp1Ym90ZW4gISBvcmcgISBtaw== најдоцна до 01.08.2025 год. (петок) до 12:00 часот
• Поради забраната за движење во шумски појас, пријавувањето е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
Контакт лице:
• Александар Димитриевски - 078 736 884
• e-mail:
a29udGFrdCB8IHBrbGp1Ym90ZW4gISBvcmcgISBtaw==
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИСКАЧУВАЊЕТО
Исхраната е во сопствена режија индивидуално предвидена за планинарска тура до 8 часа!
За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема!
Секој од учесниците треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција!
Сите индивидуални лица кои сакаат да учествуваат на настанот мора да се приклучат кон одредено друштво/клуб
или организирано здружение!
Организаторот го задржува правото за промена напрограмата во зависност од временските услови!
НАПОМЕНА
Планинарскиот Клуб „Љуботен“ не одговара за последиците кои би се случиле надвор од оваа програма, како и за
учесници кои го немаат пополнето формуларот за пријавување на настанот!