„Под закрила на лебедот спијам“ изложба на Илина Василеска
Добитничка на наградата „Четири мајстори на модернизмот “ за 2024
📍Галерија „ Драгутин Аврамовски - Гуте“
Факултет за ликовни уметности, објект Сули ан - Скопје
11 декември 2025, 19 часот
По повод наградата „Четири мајстори на модернизмот“, воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков овој четврток ќе се отвори самостојната изложба „Под закрила на лебедот спијам“ од Илина Василеска.
Илина Василеска (2001) дипломира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, на студиската програма сликарство во класата на проф. Слободанка Стевческа. Нејзиното творештво се заснова врз сеќавањата, преплетот на современото со остатоците од минатото, материјалното наследство и фолклорот. Разновидноста на медиумот е неизбежна, водена од идејата – се претопува во слика, видео и инсталација во простор.
Изложбата ќе трае до 20.12.2025
Постер: Камелија Каламерникова