Автор: Марија Сарап
Режисер: Наташа Поплавска
Изборот на костимите, сценографијата и музиката се на: Наташа Поплавска
Претставата е во копродукција на Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје.
Играат:
Ана Стојановска
Искра Ветерова - Славенска
Мина Јелушиќ Јериниќ
Ѓоргије Татиќ
Вукан Пејовиќ
Инженер на светло: Даниела Атанасова
Дизајнер на светло: Игор Митревски
Дизајнер на тон: Александар Петровски
Дизајн на плакат: Артериа
Фотограф: Емил Петро
Инспициент: Александар Рајковски
Суфлер: Тања Ивановска
Видеооператер: Александар Ацески
Гардеробери: Валентина Чонкова и Елизабета Стамчевска
Реквизитер: Снежана Грнчаревска
Шминкер и фризер: Бранка Пљачковска
Декоратери: Зекирија Алим и Нерхан Османовски
Во Македонскиот народен театар на малата сцена на 19 јули со почеток во 20:30 часот, во рамки на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња“ од црногорската современа писателка Марија Сарап, а во режија на Наташа Поплавска.
По потпишувањето на меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје. Во претставата учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова - Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора. Премиерната изведба во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември. Претставата е дел од Националната програма за култура за 2025 година и финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и од Градот Подгорица, Црна Гора, како и од компаниите: „Виталиа“ од Скопје, хотелот „Мериот“ и рестораните „Дистрикт“, „Тренд“ и „Шпајз“.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304