📣 Во соработка со битолскиот фестивал за музика и традиција ЛОКУМ ФЕСТ ви најавуваме концерт на два одлични бендови во Public Room.
🗓 На 18. јуни од 21 часот настапуваат ВЕДАН КОЛОД од Русија, а веднаш по нив и РЕГЕТИКО ПРОЕКТ од Грција.
🪕 ВЕДАН КОЛОД е семеен фолк музички бенд. Црпејќи инспирација од старите сибирски народни традиции, овој бенд има привлечено импресивна глобална култна публика и има одржано бројни турнеи низ Русија и Европа. Еден од членовите на бендот, Валериј Наришкин, реставрира ретки народни инструменти како што се Скитската харфа (единствена од ваков вид!), зурла, гајда, вириглавка и други. Веден Колод изгради кариера спротивставувајќи се на критиките и цензурата, создавајќи нова и провокативна музика што го отсликува пркосниот дух на прогресивната креативност во современа Русија. Оваа година бендот одбележува 20 години постоење.
🎷 Музиката на РЕГЕТИКО ПРОЕКТ пак, е средба помеѓу фолк фјужн и светски џез, со бројни референци на медитеранските музички традиции и различни етнички тонови, и кинематографски раскажувачки дух, со строго оригинални композиции од самите членови. Бендот е формиран во 2015 година и досега има издадено 3 албуми.
🆓️ Влезот за концертот е СЛОБОДЕН 🆓️
☎️ Резервирајте на 078 250 554 или во DM 📩
Ве очекуваме на една убава летна вечер на 50-та Дивизија бр.22 🌛