ЕКСКЛУЗИВНО:
,,НАДРЕАЛНА ВЕЧЕР" СО ЛЕГЕНДАРНИОТ Д-Р НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ ЗА ПРВПАТ ВО СКОПЈЕ!
9 ОКТОМВРИ
МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА
20:00
Драги наши,
Задоволство ни е да ви го најавиме нашиот прв есенски проект.
Првоборецот на трите музички правци: новиот примитивизам, новиот бран и пост-панкот, доктор Неле Карајлиќ доаѓа во Скопје, на 9 октомври во Македонската филхармонија, за да спои две во едно:
Песните на Забрањено пушење, кои тој ги обележа, како и легендарното ТВ шоу "Топ листа надреалиста“, во кое Неле беше една од најважните и најкреативни фигури.
Уникатна можност за многу музика, многу смеа, но веројатно и по некоја солза.
Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (11 септември) во 10:00 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk по цена од:
1.500 денари
и
ВИП - 2.000 денари (во лимитиран број).
Се очекува брз sold out...
Ваша,
АП