👨👩👧👦Kако што во семејниот, партнерскиот и деловниот систем поединечни членови преземаат различни улоги, нашата индивидуална психа има различни делови кои се формирани во раните фази од нашите животи како резултат на значајни емоционални реакции; или од нашиот сопствен живот или пренесени од нашите предци.
Иако овие делови коегзистираат во нас, тие развиваат свои верувања и обрасци и понекогаш се спротивставуваат еден на друг, што доведува до неусогласенoсти и внатрешни борби. Овие борби одземаат многу енергија и се додека не се усогласени, претставуваат пречка до остварување на нашите цели. Сите наши делови ни припаѓаат нам и копнеат да бидат видени и прегрнати.
📑Веќе три групи прекрасни битиа - сегашни и идни терапевти во енергетското поле имаа можност да се запознаат со Андрей и неговите уникатни методи, и да ја искусат од прва рака нивната моќ и мудрост. Во ноември се враќаме со четвртиот курс од овој вид!
👥Курсот има за цел да обучи терапевти и помошни практичари во областа на терапија во енергетското поле и семејни констелации. Корисно за сите оние кои имаат желба да работат на себе и сакаат подобро да ги разберат скриените процеси кои влијаат на нас како луѓе.
Курсот во Скопје е дел од меѓународната турнеа на веќе познатиот предавач, и нè води на длабоко шаманско патување за да ги истражуваме и разбереме универзалните принципи или наредби на љубовта и судбината. Ни покажува како повторно да почнеме да го воспоставуваме движењето и да ги ослободиме заплетките во нашите семејни системи кои нè спречуваат да го живееме животот целосно во себе и врските со другите. ❤️
__________________________________________________________
Курсот содржи теорија и пракса на темите:
1. Закони на енергетското поле
2. Партнерства и нивните потреби
3. Фантоми
4. Пари. Што се крие зад парите? Како да се работи со нив
5. Очекувања
6. Родители. Што даваат родителите?
7. Недостиг на контакт и како да се надмине постепено
8. Решение преку повторно составување на матрицата
9. Игри, танцување и пеење како алатки
10. Практични вежби во групи на темите наведени погоре
11. Самостојна пробна работа
__________________________________________________________
„Сочувството не е однос помеѓу исцелителот и ранетиот. Тоа е однос меѓу еднакви. Само кога добро ја познаваме сопствената темнина, можеме да бидеме присутни со темнината на другите. Сочувството станува реално кога ќе ја препознаеме нашата заедничка хуманост. “
-Pema Chödrön-
На 7. ноември продолжуваме со запознавање на нашата темнина, за да ја зрачиме нашата светлина посилно од било кога.♡
Затоа што сите сме ѕвезди во констелациите на универзумот! 🌟🌌
__________________________________________________________
Курсот се состои од:
-Воведен дел во семејни констелации и работа во енергетското поле, теоретско изучување на законите и дефинициите. На овој начин овозможуваме да се приклучат и учесници кои не биле на претходните курсеви, и помош при нивната интеграција
-Длабоко теоретско и практично изучување на сите горенаведени модули, работа со игри/движење/музика, истовремена работа на себе и изучување на техниките.
ДОПОЛНИТЕЛНИ МОЖНОСТИ:
*Важи и за оние кои не се учесници на курсот*
- Поставување констелација на ваше прашање/тема во група на 07./08./09. ноември
- Приватна индивидуална консултација и поставување ваша констелација на 06. и 10. ноември
Распоред по денови (секој ден по три блока, помеѓу нив паузи):
Петок
09.00 – 13.00 , 14.00 – 16.30 , 17.00 – 20.30
Сабота
10.00 – 13.00 , 14.00 – 16.00 , 16.30 – 19.30
Недела
10.00 – 13.00 , 14.00 – 16.00 , 16.30 – 19.30
*Распоредот не е загарантиран и може да подлежи на промени
Овој курс е за секој кој сака да стекне поцелосно разбирање, од перспектива на системска терапија и констелација, за прашањата и грижите кои може да ги имаат во нивниот секојдневен живот – било тоа да се од личен, семеен или професионален карактер.
Работата преку Семејни констелации ја признава важноста да се најде место за секој член на секој систем, и со овој принцип во срцето на методологијата, овој пристап се интегрира и продлабочува со други перспективи ориентирани кон разрешување и баланс. Тоа е особено важно за професионалци чија работа ги доведува во контакт со семејства и други социјални системи.
👨🏻🏫Предавач на курсот:
Андрей Каримов, терапевт во енергетско поле со интеграција на шамански техники, етнолог, автор и семеен психолог, основач на меѓународните движења „Родители и деца“ и „Система Сибирски Козак“ кои се психо-социјални модели преку кои се открива епигенетскиот систем на човечките општествени координати.
👩🏻💼Организатор за Македонија:
Eлисавета Тодоровска, терапевт во енергетско поле, основач на „ТРКАЛО НА ЖИВОТОТ“ и „Родители и деца - Македонија“, Кундалини јога учител и терапевт со соматски пристап по CI, методoт на сочувствително истражување на Др. Габор Матè.
Курсот е со полно работно време, интензивен, околу 30 часа пракса и теорија.
За сите учесници на интензивниот тридневен курс, следува признание за негово успешно завршување од „ТРКАЛО НА ЖИВОТОТ“ и Андрей Каримов.
По барање, учесниците можат да полагаат испит и по демонстрирање на способност за самостојно водење на констелација, да се стекнат со сертификат потпишан од предавачот Андрей Каримов.
Задолжително пријавување на линкот:
https://forms.gle/PZkEaDBSK76RKfW79
Принципот за резервација на место е "прв дојден, прв услужен".
За сите дополнителни информации можете да не добиете на:
☎️+38970267615 +38970797134 Елисавета
dHJrYWxvbmF6aGl2b3RvdCB8IGdtYWlsICEgY29t
или на Messenger
Се гледаме 🌻❤️