48. Денови на македонска музика
29 септември - 16 октомври
Концерт на К̳В̳И̳Н̳Т̳Е̳Т̳О̳Т̳ 𝐏̳𝐇̳𝐈̳𝐋̳-̳𝐇̳𝐀̳𝐑̳𝐌̳𝐎̳𝐍̳𝐈̳𝐂̳𝟓̳
Елена Дојчинова - флејта
Владимир Лазаревски - обоа
Здравко Ангелов - кларинет
Горан Јанев - хорна
Филип Каревски - фагот
Вторник, 30 септември 2025
Музеј на македонската борба, 20 часот
ПРОГРАМА:
Благој Цанев - ФОЛКЛОРНИ КАНОНИ
Томе Манчев - ТРИ СКИЦИ за дувачки квинтет
Љубомир Бранѓолица - КВИНТЕТ
Живојин Глишиќ - „Танго во есен“, „Што да правам, што да чинам“, „Приказна за бродот“, „Денес“, „Dawn“
ЗА АНСАМБЛОТ:
Дувачкиот квинтет Phil-Harmonic5 е камерна формација составена од водечки дувачки инструменталисти на НУ Филхармонија и Националната опера и балет. Членовите на квинтетот се Елена Дојчинова (флејта), Владимир Лазаревски (обоа), Здравко Ангелов (кларинет), Горан Јанев (хорна) и Ванчо Стојановски (фагот). Заедничкото музицирање низ годините резултирало со високо ниво на уметничка кохезија и интерпретативна усогласеност, создавајќи компактна и звучно балансирана формација која ја претставува ансамбловската креативност на Phil-Harmonic5.
Ансамблот поставува високи стандарди во изведбата на дувачката музика и отвора простор за нови изрази и современа динамика во македонското музичко творештво. Во својата работа ја спојува светската уметничка продукција со современата македонска композиторска сцена, придонесувајќи за нејзина поголема афирмација.
Со своите настапи во Скопје, Тирана (Албанија) и Софија (Бугарија), Phil-Harmonic5 ја потврдува својата позиција како значаен ансамбл на камерната сцена, истовремено инспирирајќи ново уметничко творештво, што ќе го збогати македонскиот музички репертоар. Членовите на ансамблот активно настапуваат не само во формацијата на квинтет, туку и како солисти, камерни и оркестарски изведувачи, носејќи високо уметничко ниво на секој настап.
Влезот на концертот е слободен.
You may also like the following events from Сојуз на композитори на Македонија - СОКОМ: