✨Што е тоа што сака да се придвижи кон новата година, а што е тоа што сака да остане?
📅 22 ноември (сабота)
🕚 Почеток во 11:00 часот
📍 Психофокус – Скопје
✨ Време за внатрешно преминување
Како што се приближува крајот на годината, природно е да почувствуваме внатрешен повик — да погледнеме во себе и да си поставиме прашања:
👉 Што во мене сака да се придвижи кон новата година?
👉 А што е тоа што сака да остане зад мене – да го затворам или отпуштам?
Секој крај носи нов почеток. Но за новото да се роди, старото треба да биде видено, прифатено и оставено со љубов.
Токму затоа, оваа работилница во рамките на Клубот „Патот на Душата“ е посветена на внатрешно расчистување, ослободување и повторно поврзување со автентичноста.
🌀 Констелации и Скулптурирање – два метода, една цел
Работиме со длабоко исцелителни и психотерапевтски методи, каде секој учесник добива уникатен увид и нова перспектива за својата лична тема.
🔹 Семејните констелации – ни помагаат да ги согледаме невидливите динамики што влијаат на нашите односи, избори и емоции. Со нив добиваме разбирање, мир и нов правец.
🔹 Скулптурирањето – метод на Вирџинија Сатир, ни овозможува преку движење и телесен израз да ја видиме структурата на нашите односи и внатрешни состојби, и да создадеме ново искуство на свесност и поврзување.
Секој учесник може да постави своја констелација или да избере работа преку скулптура – она што во моментот му е поважно.
Покрај индивидуалните процеси, ќе се изведуваат и вежби за исцелување и поврзување со автентичноста, кои го продлабочуваат чувството на стабилност, мир и самоприфаќање.
🌱 Клубот „Патот на Душата“
Клубот е патување кон себе, кон сопственото еволуирање на емоционално и ментално поле.
Без разлика на темата, секоја средба е насочена кон развивање на четирите основни психолошки капацитети според Трансакциската анализа – нашата прва љубов и местото каде што се запознавме јас и Анета пред повеќе од 25 години.
✨ Свесност – да го согледуваме сегашниот момент реално, без филтри од минатото.
🌿 Спонтаност – да се изразиме слободно и автентично, во согласност со ситуацијата.
💞 Интимност – да се поврземе искрено, без игри и маски.
🧭 Одговорност – да преземеме одговорност за својот живот, чувствувајќи дека сме автори на сопствената приказна.
Овие капацитети се темел на внатрешниот раст и благосостојба – и се сржта на нашата работа во Клубот.
👩🦰 Клубот го водат
Билјана Пешева – автор, тренер, јога инструктор и фасилитатор на семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.
Анета Начевска – специјалист по медицинска психологија, системски семеен терапевт и долгогодишен практичар во индивидуална и групна психотерапија.
🌕 Пријавување
📞 Viber или порака во инбокс: 070 234 740
📧
aGVhbHRoeWxpZmVza2lsbHMgISBvbmxpbmUgfCBnbWFpbCAhIGNvbQ==
💫 Оваа работилница е покана за искрен разговор со себе.
Да се запрашаш што во тебе сака да се придвижи, а што е подготвено да остане – со благодарност и мир.
📅 22 ноември (сабота)
🕚 11:00 часот
📍 Психофокус – Скопје
Пријавете се со време, местата се ограничени!
You may also like the following events from Healthy Life Skills: