Последниве години Скопје има сѐ поретки прилики да сведочи на тврди свирки- знаеш што треба да направиш.
HELLSHOCK (Портланд, САД)
Судир од острите, примитивни идеи на раниот германски треш (KREATOR, SODOM) со естетиката на пионерите на англискиот краст (AMEBIX, DEVIATED INSTINCT)- зората на милениумот изроди воена машинерија што дроби веќе четврт век. Низ годините звукот станува сѐ потежок- на граница на чист дет метал, често споредувани со BOLT THROWER.
Екипава е кој-од-кој; имаат свирено во DEFIANCE, DETESTATION, FROM ASHES RISE, ATROCIOUS MADNESS, LEBENDEN TOTEN, WARCRY...
Ги гледавме во Скопје пред 16 години- сега доаѓаат појачани со Todd Burdette- гитаристот што со HIS HERO IS GONE беше на чело на тешкиот, мрачен хардкор во средината на ‘90тите, за потоа со TRAGEDY да зацементира подстил на метализиран панк карактеризиран со херојски мелодии и крвави рифови.
Преживеаните го паметат и по настапот со SEVERED HEAD OF STATE во Скопје, 2003- концерт што го вбројувам во најдобрите што ги угостил градов.
TRANSHUNTER (Скопје, МКД)
Злосторничка егзибиција од разбуктаните изнутрици на физички, духовен и ментален П.Е.К.О.Л.
Настанот е во бифето на МКЦ.
Картите се 500 денари во претпродажба- достапни во скејт шоп ДРОП ИН и 070/323684 (SMS/ Viber)
На врата- 600 денари.
You may also like the following events from FUCK YOGA records: