КОНЦЕРТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР И KURT ROSENWINKEL
📍 1 Октомври 2025 | Национална опера и балет | 20:00 часот
Гитарскиот виртуоз 𝐊𝐮𝐫𝐭 𝐑𝐨𝐬𝐞𝐧𝐰𝐢𝐧𝐤𝐞𝐥, кого Eric Clapton го нарече „гениј“, за првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез оркестар, под диригенство на маестро Владимир Николов.
The New York Times за него пишува:
"Со само неколку ноти, Kurt Rosenwinkel кажува повеќе отколку што многумина гитаристи постигнуваат за цела кариера. Непоколеблив истражувач кој зазеде единствено место во џез-светот со својата сложена и суптилна визија.”
Веќе три децении, Rosenwinkel ја обликува современата џез-сцена со својот препознатлив стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991 година, тој се издигна како вистински иноватор, создавајќи албуми кои инспирираат генерации музичари и љубители на џезот ширум светот.
Неговата музика остава неизбришлив белег во историјата на гитарската уметност, а неговите живи настапи пленат со виртуозност и емоција. Фановите често велат дека Kurt „ја оживува гитарата на начин што остава без здив“.
Ве покануваме заедно да ја доживееме магијата на гитарата на Kurt Rosenwinkel во живо!
Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на
https://mktickets.mk/event/kurt-rosenwinkel/ и на продажните места на MKTickets.
*****
Дизајн на плакат:
Сергеј Андреевски
Небојша Спасиќ