По повод јубилејот 26 години од основањето,
Менса Македонија организира ТЕСТИРАЊЕ на општата интелигенција со цел прием на нови членови,
на 04.12.2025 (четврток), во 18:30 часот, на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии - Руѓер Бошковиќ 18, Скопје.
Кандидатите е потребно:
- да имаат полни 16 години,
- да уплатат 600 денари на:
примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање
- да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање,
- од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и
- претходно да не се тестирале повеќе од два пати.
Пријавувањето се одвива на линкот:
https://forms.gle/LWDH9XC8LGAvSiA36
каде треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 03.12.2025.
Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството и младите лица. Сите крводарители, ученици и студенти имаат 50% попуст, односно треба да уплатат 300 МКД.
Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.
Придружете ни се!