Kонцерт на импровизирана музика - соработка помеѓу тројца музичари со различни искуства и контексти, поврзани преку заеднички интерес за звучна авангарда, амбиентални структури и слободна интерпретација.
N-Deck Collective. Екипа со променлив состав и со непроменлива идеја за музичка импровизација. Парадоксот на бродот на Тезеј во креативен контекст.
На овој концерт во состав:
- Димитар Додовски – електроника
- Нинослав Спировски – тенор саксофон
- Игор Темелковски – електроника
Димитар Додовски е продуцент и визуелен уметник од Битола. Има издадено повеќе соло албуми и соработувал во проекти како Post Global Trio, Moss Garden, Niskogradba, Dérive Dub и Private Mountain. Последниот албум Mineralmusik ја одбележува 20-годишнината од неговото музичко творештво.
dodovskidimitar.bandcamp.com
Нинослав Спировски е македонски фри џез кларинетист и саксофонист, дел од генерацијата што го поттикна новиот бран на импровизирана музика во земјава. Како еден од најактивните учесници на сцената, застапува личен израз и оригиналност надвор од традиционалните џез шеми. Најпознат е по работата со Светлост и Светлост + Одрон Ритуал Оркестра, а учествува и во бројни други состави.
Како да се дефинираат соништата, убавината и љубовта? Како да се дефинира копнежот и слатката меланхолија? Како да се нурнеш во возвишените мистерии на животот и да ја научиш неговата алхемија? Игор Темелковски, музичкиот уметник под псевдонимите sin:us, umbrarium и H:N:C, не може да ви ги даде одговорите на овие прашања, но сигурно, преку неговите звучни предели, е трасиран вистинскиот пат на оваа вечна потрага по просветлување.
https://sin-us.bandcamp.com/
Настанот претставува отворена звучна сесија што произлегува од моменталната интеракција помеѓу учесниците, без однапред зададена форма или композиција.