Последна сесија за Јули закажуваме за 11ти јули ( петок)
Пријава на Линкот:
https://forms.gle/zP4WYdgnSdNynjqFA
✨ Искачи и издиши | Женски планинарски сесии на Водно
Придружете ни се на едно поинакво ноќно патување до средно Водно. Бидете дел од нова пионерска акција под мотото “Искачи и Издиши“, со која сакаме да создадеме нова женска заедница во градот. Заедница, која преку активен и љубопитен пристап ќе го стави движењето во насока на поддршка на менталното здравје и соочување со предизвиците на живеењето.
Во неколку летни ноќни сесии покануваме девојки и млади жени (18+) да споделат искуства, да се поддржат меѓусебно и да придонесат кон подобро физичко и ментално здравје.
📅 Кога: 11ти Јули (Петок)
🕡 Време: Почеток во 18:30/18:40 часот
📍 Локација: Старт од Полициска станица Водно
✨ Што да очекуваш:
✔️ Лесно вечерно пешачење (3.2км | 370м висинска разлика | ~60 минути)
✔️ Двочасовна активна психотерапевтска сесија посветена на менталното здравје, стравовите и предизвиците со кои се соочуваат жените водена од Радмила Живановиќ- лиценциран психолог, гешталт психотерапевт, тренер и супервизор (www.psihoterapika.mk)
✔️ Темa што нè допира: страв од различност ( 11ти јули)
✔️ Секоја учесничка ќе добие подароци за планинарење како знак на вашата посветеност кон оваа иницијатива. 🎁
✔️ Искуство и безбедност со водичите од @PSK_H2O
🌿 Ве охрабруваме да дојдете сами!
Оваа иницијатива е сигурна зона ослободена од предрасуди и дизајнирана да ви помогне да зборувате слободно и да се поврзете со други жени со слични вредности, градејќи поинакви и цврсти врски уште од првиот момент.
🔥 Нашите групи се мали и интимни — со најмногу 30 учеснички по сесија. Пријавувањето е по принципот „прва пријавена – прва вклучена“. Доколку интересот е поголем од бројот на места, ќе се потрудиме секоја учесничка да добие можност да присуствува барем на една сесија, a aко се отвори дополнителен простор или успееме да организираме нови термини, со радост ќе ти овозможиме учество и на повеќе искачувања.
Пријави се овде:
https://forms.gle/zP4WYdgnSdNynjqFA