Месната Заедница на село Лазарополе, Здружението на поранешни жители на село Лазарополе и Здружението за поттикнување на партнерството и развој на граѓанското општество ТОРДИС со особена радост и задоволство
ВЕ ПОКАНУВААТ
да ја продолжиме традицијата на берење на НАРЦИС преку одржување на Фестивалот на Нарцисот Лазарополе Цути 2025 година.
Датум на одржување: 24 MAJ 2025 година.
како и секоја година и оваа година манифестацијата има свое мото:
“Да го прославиме Европскиот Ден на Парковите – 24 Мај Националниот Парк Маврово и Лазороските НАРЦИСОВИ ЛИВАДИ“
Со цел на заштита на животната природна средина, заштита на животинскиот и растителниот свет го славиме Европскиот Ден на Парковите .
Националниот Парк Маврово е прогласен за Национален Парк во 1949 година, тој е еден од најбогатие паркови во однос на биодиверзитетот во Македонија, во чија територија влегуваат 42 населени места меѓу кои е и селото Лазарополе- Бисерот на Бистра ( претставува една од највисоките населени места, на 1350 м надморска висина , воедно и една од најубавите селски населби во Република Македонија). Националниот Парк Маврово како и територијата во и околу селото Лазаропле се одликуваат со извонредно флористичко богатство, кое што се состои од над 1000 видови виши растенија, од кои, 38 се дрвни видови, 35 грмушки а околу шеесетина се ендемски, реликтни или ретки видови. НП Маврово претставува класично наоѓалиште за 7 растителни видови, единствено е наоѓалиште во Македонија за 12 ретки растителни видови а во границите на паркот се сретнуваат уште 33 видови растенија коишто се многу ретки во останатите делови на Македонија. Националниот парк Маврово е единствено наоѓалиште во републикава за 12 ретки растителни видови а во неговите граници се с реќаваат уште 33 други видови на растенија кои се многу ретки во останатите делови од државава. Во селото Лазарополе има ендемски вид на пештерски штурец единствен во Македонија во Калина Дупка од видот Troglophilus (Troglophilus) lazaropolensis, ( евидентиран и во новата Студија за ревалоризација на НП Маврово). Исто така ендемскиот вид на влажни ливади - нарцисови ливади претставува природно богатство кое што во категорија на активно управување согласно студијата, со цел на трансформација во строга заштита. Фауната на Националниот Парк Маврово исто така се одликува со значителна разноликост. Таа се состои од 140 видови птици, од кои, позначајни се: сивиот сокол, орелот крстач, суриот (златен) орел, шумскиот був, ливадската еја, степската еја, како и 11 видови водоземци, 12 видови на влекачи и 39 видови цицачи (рисот, мечката, дивокозата, волкот и др).
Програма на манифестацијата:
10:45 часот: Отварање на манифестацијата со звукот на зурлите и тапаните
11:00 часот: Собир пред Хотел Калин Лазарополе „СРЕД СЕЛО“
11.30 часот: тргнување кон ливадите со НАРЦИСИ
12:00 часот: Пристигнување на ливадите со НАРЦИСИ
до 14.00 часот - Дружба, веселба и оро со зурли и тапани
- берење на НАРЦИСИ
Се гледаме .....!
Почитувани посетители и љубители на природата, почитувајте ја природата и однесувајтесе совесно, не оставајте ѓубре позади себе, отпадоците одлагајте ги во кантите за отпадоци и црните кеси поставени на местата за отпад.