ДВАНАЕСЕТТИ ТРАДИЦИОНАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „ЦРН КАМЕН 2025” – ЈАБЛАНИЦА
Датум на искачување: 22.06.2025 година, недела
Планинарски марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен (2258 м.н.в.)
ПЕД Закамен и ПК Дипсакус Ве покануваат на дванаесеттиот традиционален марш на највисокиот врв на Јабланица, Црн Камен. Прилика за дружење и уживање во убавините на прекрасната Јабланица. Планина со изобилие на зеленило, вода, воодушевувачки пејзажи на кои никој не останува рамнодушен. Покрај искачувањето на врвот „Црн Камен“во недела, сите заинтересирани ги покануваме на кампување и дружба во Горна Белица на 21.06, сабота.
ПРОГРАМА:
Сабота (21.06.2025) - Доаѓање и дружба
16:00 часот – Пристигнување на планинари и планинарски групи кои преноќуваат во с. Горна Белица и поставување шатори. (Можност за поставување шатори во дворот на поранешната караула на АРМ)
18.00 часот – Логорски оган и дружење со камперите
00:00 часот – Крај на дружење
Недела (22.06.2025) - Искачување
07:30 часот – Собирање на планинарите и планинарските групи пред хотелот во Г. Белица
07:45 часот – Тргнување кон највисокиот врв на Јабланица Црн камен (2258 м.н.в)
11:00 часот – Пристигнување на врвот и собирање на сите планинари
12:00 часот – Напуштање на врвот, поаѓање кон вевчанска локва и враќање во Горна Белица.
15:00 часот – Пристигнување во Горна Белица, послужување на планинарско гравче и планинарско дружење и забава со DJ Rootboy Selector.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСКАЧУВАЊЕТО
ТУРА: Горна Белица - Црн камен - Вевчанска локва - Горна Белица
ОПИС НА ПАТЕКАТА
Стартот на маршот е од селото Горна Белица. Движењето е по обележаната планинарска патека. Првиот дел од патеката е движење низ шума. Потоа се излегува на отворено и се продолжува по патролна патека до врвот Црн Камен. Од врвот се спуштаме до Вевчанска локва. Од таму повторно се пристапува кон спуштање кое завршува во селото Горна Белица. Патеката е средно тешка. Висинската разлика помеѓу стартот и целта е околу 750 м.н.в. Целата тура е 12 км во два правци. Времетраењето на турата е околу 7 часа.
ТРГНУВАЊЕ
07:30 часот - Собирање пред хотелот во Горна Белица
07:45 часот - Тргнување
11:00 часот - Пристигнување на врвот и собирање на сите планинари.
12:00 часот - Напуштање на врвот.
ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ
Психофизичка подготвеност за пешачење во пролетно/летни услови.
Високи разгазени чевли.
Топла облека која штити од дожд и ветер.
ИСХРАНА
Вода, најмалку 2 литри.
Храна погодна за носење во ранец.
Прибор за ручекот, чинија и лажица.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето треба да се изврши НАЈДОЦНА до 20.06.2025 година (петок) – на некој од следните телефони:
078-217-597 (Димитри),
077-538-003 (Глигор)
078-612-264 (Наум)
075-582-713 (Драган)
e-mail:
cGVkemFrYW1lbiB8IGdtYWlsICEgY29t,
Y29udGFjdCB8IGRpcHNha3VzICEgbWs=
Инстаграм или Фејсбук профилот на ПЕД Закамен и ПК Дипсакус
ПРИЈАВА
I. Планинарско друштво/клуб: (НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО) _______________________________
II. Презиме и Име ______________________________________________________________
III. Број на лична карта или бр. на пасош ___________________________________________
* Секој учесник на овој настан со пополнување на горенаведените податоци, под полна одговорност, потврдува дека ја прифаќа програмата на ПЕД „ЗАКАМЕН“ и ПК „ДИПСАКУС“ за манифестацијата „Црн Камен 2025“, дека ќе се придржува до истата, е здрав, ја носи потребната планинарска опрема, осигуран е од несреќен случај и е во добра психофизичка состојба за ваков вид на планинарење! Доколку некој од учесниците не е подготвен според препораките, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во маршот, во спротивно самостојно одговара за секоја настаната состојба поврзана со неговото учество.
* Сите учесници кои сметаат дека имаат добра кондициска спремност и се издвојат од групата, самите ги сносат последиците од евентуалните повреди и останати здравствени проблеми.
*Сите учесници треба да се психофизички и кондиционо подготвени, секој учесник зема учество на сопствена одговорност и одговара за својата психофизичка подготвеност.
* За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за влажни услови. * Се опоменуваат учесниците да водат сметка околу дисциплината за време на маршот и на екологијата, односно да не оставаат отпадоци зад себе.
* Организаторите ги задржуваат сите права за промена и дополнување на програмата во зависност од условите на теренот.
* ПЕД „ЗАКАМЕН“ и ПК „ДИПСАКУС“ не одговараат за последиците кои би се случиле/произлегле вон оваа програма, како и за непријавените учесници.
Со почит, ПЕД Закамен, Струга
ПК ДИПСАКУС, Вевчани