ВРВ ЛИСКА 2025
На ден 22.06.2025 година (недела) П.Д. Бигла Демир Хисар организира едноднева тура до Врв Лиска 1908 м.н.в на Илинска Планина Демир Хисар.
Опис на турата:
*Стартот ќе биде од 07.00 Часот од Село Големо Илино Д-Хисар, (секој си иди со споствен превоз до селото),
* Почетната надморска висина е 990 метри, патеката е маркирана и на самиот почеток поминува низ дабова шума и со самото накачување по сртот и границата со Велмевци помунува во преубаа висока букова шума , а пред самиот врв е гола рудина помешано со каменит предел.
*Попатно се предвидени кратки паузи во зависност од потребите на групата.
*Должината од почетната стартна точка до Врв Лиска е 7 км и околу 3.5 часа( во зависност од движењето на групата), со висинска разлика од 900 метри, потоа се спушта исто така по маркирана патека во должина од 5 килмометри и околу 1.5 часа до Црква Св.Илија каде е предвидено поголема пауза.
*Од Црква Св.Илија потоа се симнуваме по шумски пат во должина од 9 километри до Село Големо Илино.
*Должината на целата патека е 21 километар и се смета за средно тешка патека а во скала од 1 до 10 е оценета 7/10.
*Времетраење на целата патека е од 7 до 8 часа без паузи.
*Секој учесник треба да биде во добра физичка и психичка подготвенсот.
*Од страна на опрема треба да се има содветна сезонска опрема согласно временските услови, добро разгазени планинарски чизими, шушкавец за заштита од ветер и крема за заштита од сонце.
*Вода има во селото и после дури на Црква Св.Илија и затоа секој треба да носи најмалки 1.5 литри вода. Храната е од ранец.
* Движењето ќе биде со означени водичи и секој што ќе земи учество во турата треба да ги почитува правилата на водичите во спротиво ќе биде исклучен од страна на организаторот.
Пријавување најдоцна до 19.06.2025 година.
Лица за контакт .
Александар Здравевски 078 582 405.
⛔ИЗВЕСУВАЊЕ⛔
Покрај планинарската тура за на Лиска,
Ќе има и велосипедска тура која е со старт од пред Општина Демир Хисар и се вози по асвалт 27км до с.Големо Илино и потоа продолжува во шумски пат од 10км до Св Илија, вкупната должина е 74 км, за Подетални информации и пријавување кај Васко Пупунчевски +389 78 579 679
Предвидено е заедно планинарите и велосипедистите на Св Илија да ручаат гравче кое ќе биде организирано од страна на П.Д Била.
Секој што ќе се пријави на било која тура ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се потврди учество најдоцна до 19.06.2025 година, поради организација околу гравчето.
Планинарски поздрав!!!