Почитувани планинари
Планинарско-спортскиот клуб Калин Камен традиционално по единаесети пат во сабота 25.10.2025 ќе ја организира Комитската патека по повод празникот 23 октомври
Собирање на планинарите пред општинска зграда до 07 часот
Поаѓање накај езеро Калин камен со такси превоз кој чини 130 денари по лице во 7 часот
Старт на акцијата е во 7:45 од езеро Калин камен
Искачуваме вкупно 700 метри, а спуштаме вкупно 1200 мнв
Должина на патеката 24 км
Тежина на патеката средно тешка
Прва пауза за дуручек на комитска колиба во 10:30
Потоа поминуваме преку Слана бара, Бел камен, Столе врв и во 14:30 пристигнуваме на врв Костадиница каде правиме пауза за ручек
Од Костадиница се спуштаме кон Дурачка река преку маала Корија
Акцијата завршува во 17:30 пред ресторант Воденица
Патеката е кружна околу комитски рид по што го добила и името
На патеката има три извори со вода
Храна од ранец за два оброка по свои потреби
Облека и обувки прилагодливи за патеката и временските услови
Пријавување до петок до 18 часот заради обезбедување на такси превоз
Се гледаме на патеката
Планинарски поздрав
Лица за контакт:
Драган 072-313-769
Соцко 071 292 752