Почитувани,
Ве покануваме да ни се придружите на нашиот
18-ТИ ТРАДИЦИОНАЛЕН ПЕТРОВДЕНСКИ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ
Пониква – Раткова Скала
13 Јули 2025 година
ПСК “Осогово” Кочани веќе традиционално секоја година по повод празникот на градот Кочани, Петровден организира планинарски марш со учество на планинарски клубови од земјата и странство, планинари, рекреативци и вљубеници во планината.
Оваа година маршот ќе се одвива од Туристичкиот локалитет Пониква до локалитетот Раткова Скала . Стартот на маршот ќе биде од место викано Аеродром на Пониква кое се наоѓа на 20 км. од градот Кочани и до него води асфалтиран пат и се стигнува за 30 минути.
Должината на патеката во еден правец изнесува околу 8 километри и се стигнува за околу 3 часа.
. Патеката е целосно маркирана и до двата правци и се обележани и повеќето места каде попатно се наоѓа питка вода за пиење.
Тежината на патеката е средно лесна и може да земат учество сите вљубеници на планината.
Самиот локалитет Раткова Скала кој е единствен од ваков вид на Осоговските Планини, со својата грандиозност нуди пејсажи од кои застанува здивот.
Од самата Раткова Скала се шири извонреден видик кон Кочанската котлина.
(Легендата за овој локалитет вели дека во многуте пештери во таа скала имало орлови гнезда каде се изведувале мали орли, а во некои имало пчели. Се претпоставувало дека таму биле закопани и многу богатства од античко време. Мештаните од тој крај раскажувале дека оваа скала го добила името по некој Ратко кој често се качувал во пештерите да вади мед. Секој ден останувал се подолго и подолго. Тие го предупредувале да не јаде многу мед, за да не му се слоши. Му викале: - Јади, јади Ратко додека ти е слатко! Еднаш прејал, па му се слошило и паднал во провалијата, од височина од околу 300 м. По него останало името Раткова скала.)
За сите учесници Пск Осогово ке обезбеди традиционален планинарски ручек ,Планинарско гравче во манастирската трапезарија ,
Секој да си понесе прибор за јадење.
Поаѓање од градскиот плоштад во Кочани во 06.30 часот.
Пријавете го вашето учество најдоцна до 10.07.2025 поради подобра организација и утврдување на точниот број на учесници за обезбедување на ручек за секого и секако благодарници на клубови ,на најмалите и најстарите учесници.
Секој учесник си одговара за својата здраствена и психофизичка состојба. Потребна опрема спрема временската прогноза.
Лица за контакт:
Тошо Антов 078-270-724