Кампување и планинарење на Шар Планина
15-17.08.2025
Традиционално и оваа година ПК "Лисец"Штип и ПД"Бел Камен" Радовиш организираат кампување на Шар Планина од косовска страна и планинарење по прекрасните предели. Оваа година ќе го искачуваме врвот Мала Враца (2.535м).
Искачувањето на овој грандиозен врв кој наликува на Алпска пирамида е тешко и ретко, се оди по извонредно голема стрмнина и раздробен камен. Целата патека е во должина од 22 км со искачување од 1150 метри. Во подножјето на врвот на висорамнината Шутман се 4 леднички езера: Долно и Горно Врачанско Езеро и Горно и Долно Дефско Езеро.
*поаѓање од Штип/Скопје на 15 август во 16/17 часот, поаѓање од Радовиш во 14 часот со сопствен превоз
* поставување на шатори на ливада над с.Брод кај Шолин мост на Лева река притока на Дрим
*пешачењето е во сабота 16 август, со поаѓање во 6 часот
*по враќање се организира заедничка вечера покрај логорски оган под ѕвездите со гитара и песна
*недела разладување во реката, можност за кратка прошетка по кањон и враќање во Македонија
* секој сам си носи опрема за кампување и се оди со сопствен превоз(за превоз се организираме во коли, делиме трошок)
*пријавување до 13.08.2025 кај Александар 070-210-063
Славе 070-247-264