ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ ГОЛАК Делчево,во соработка со наш спонзор како и Општина Делчево,на ден 31 август 2025 година (недела), организира 11-ти планинарски марш,кој е во календарот за планинарски активности на ФЕДЕРАЦИЈАТА ЗА ПЛАНИНАРСТВО.Истиот е со следната маршута (која ја маркиравме пред 10 години,од страна на наш лиценциран маркацист,и е ставена во регистарот на планинарски патеки во федерацијата за планинарство за територијата на општина ДЕЛЧЕВО) :
Град Делчево 595 м.н.в. – Ветровити Рид 753 м.н.в. – Богородичка Полјана 900 м.н.в. - Милосова Чешма 1040 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Спортски Терени 1400 м.н.в. – Врв Чавка 1538 м.н.в. – Манастир Св.Пантелејмон кој се наоѓа на врв Мала Чавка 1508 м.н.в.Се враќаме по друга патека односно од Спортските терени 1400 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. - Долна Богданица 946 м.н.в. – Трајанов Рид 730 м.н.в. – Манастрир Св.Богородица Балаклија 650 м.н.в. – Делчево 595 м.н.в. Можно е патеката да ја промениме по обратен редослед, поради поубав панорамски поглед кон градот Делчево и пијанечката котлина.
-Патеката во еден правец е долга 12 км,со висинска разлика околу 1000 метри и истата се искачува за 3 часа и 30 минути а се слегува за 2 часа.Истата е маркирана и добро позната на организаторот бидејќи е помината многу пати.Се минува низ дабова,габерова и борова шума.
- Патеката на некои места минува низ густа шума и не е опасна,но сепак треба да се внимава и да се почитува препораката на водичите.
- Патеката е средно тешка.
- Потребна Опрема :
Облека за заштита од сонце за летни услови , Наочари за сонце со УВ заштита , Капа , Марама , Креми за сонце,Полувисоки кондури за летно време,Ранец за еднодневна акција најмалку 20 литри,Планинарски стапчиња,Прибор за лична хигиена,медикаменти,мала прва помош,Крпа за лице и раце,Прибор за јадење (чинија,вилушка,лажица,нож) како и шише за вода од најмалку 2 литри.
-Ден 31 август 2025 год.(недела) собирање на учесниците од 07.30 до 07:55 часот.Тргнување во 08 часот од центарот на Делчево –паркинг позади црковниот храм Св.Кирил и Методиј од каде продолжуваме кон врвот Чавка 1538 м.н.в..Во 12 часот и 30 минути ќе имаме ручек (планинарско гравче) со салата,кои се обезбедени од организаторот (ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕКОЈ СИ НОСИ ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ КАКО И ЧАШИ),како и доделувања на благодарници за учесниците.Во 14.30 е враќање назад кон Делчево.
Дополнителна исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец по своја желба, суво овошје ,свежо овошје и зеленчук,џусови, жен шен енергетски тоник ( zegin ), магнезиум , електролити ........
Напомена :
-Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведената планинарска акција е организирана и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат некој, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведената планинарска акција, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
Информација: - Од самиот простор кај црквата Св.Пантелејмон 1508 м.н.в. има прекрасен поглед кон планините Рила и Пирин во Р.Бугарија како и на нашите планини Осогово,Влаина,Малешевски Планини,Плачковица,Средна,Обозна.Прекрасен поглед на Кочанската котлина и на езерото Калиманци.
Организација : ПСК ГОЛАК Делчево.
Водич: Лиценциран планинарски водич Љупчо Чучуковски
Помошник водич: Ќе бидат кажани на денот на тргнување кои ќе бидат најмалку 4-ца.
ПРИЈАВУВАЊЕ : Најдоцна до 28 август (четврток) 2025 год.Кај Претседател Дипл.шум.инж.Љупчо Чучуковски на телефон 070 605 137 или на Маил
cHNkZ29sYWtkZWxjaGV2byB8IHlhaG9vICEgY29t
ПОЗДРАВ И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ТРАДИЦИОНАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ СОБИР НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК !!!