„Dulcia Sonant“ – нов фестивал во Прилеп!
Два дена исполнети со звуци од византиската, ренесансната и средновековната музика.
Редок инструмент, моќни хорови и магија од едно одамна замолчено време.
16 и 17 октомври | 20:00 ч. |
Центар за култура „Марко Цепенков“
Влез: Слободен
********************************************************************
Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп со особена чест го најавува првото издание на фестивалот за рана музика „Dulcia Sonant“.
Името, преведено како "The Sweetness Sounds“ или „Благозвучие“, поетски го одразува духот на фестивалот – тивки, длабоки и моќни звучни светови кои нè водат кон заборавени предели полни со убавина.
Фестивалот отвора нов простор за слушање на музиката од минатите векови и го истражува нејзиното влијание и врските со македонското културно наследство, преплетувајќи го со поширокиот европски духовен и уметнички контекст.
******************************************************************
16 октомври | 20:00 ч. | „Помеѓу Кукузел и Палестрина“
Концерт на хорска музика кој го спојува византискиот и ренесансниот израз, правејќи компарација и музичко претставување на сакралната музика на западната и на православната (источна) европска музичка оставштина.
Изведувачи: Хоровите „Св. Петка“ и „Пелагонитиса“ под диригентство на Гоце Секулоски.
*******************************************************************
17 октомври | 20:00 ч.
„Средновековни еха“ - концерт: Патување низ звуците на Codex Calixtinus, Codex Las Huelgas, Llibre Vermell de Montserrat, како и музиката на трубадурите и Francesco Landini – неисцрпни музички богатства на шпанската и европската средновековна традиција.
Настапуваат:
Cristina Alís Raurich (Шпанија) – портативна оргула (organetto)
Ана Митоска (Македонија) – глас
На овој фестивал за првпат во Македонија ќе зазвучи органетото – редок инструмент од 14–15 век, чиј автентичен звук го оживува духот на времето.
На концертот ‘Средновековни еха’, звуците на органетото во дијалог со гласот, ќе ја разлеат убавината на едно одамна замолчено време, откривајќи дел од музичкото наследство што долго чекаше да биде слушнато.
Концертите ќе се изведат на камерна сцена во големата сала, а влезот е слободен.
Соработници: Водител: Илија Волчески
Дизајн на сцена: Бојана Артиновска
Дизајн на плакат: Наташа Каравилоска
Фотографии и видео: Elena Melloncelli
Светло и звук: CLS Equipment