�� Почнува магијата на новогодишните празници! ��
А со нив, се разбира, пристигнува и нашиот најочекуван гостин – Дедо Мраз!
Овој пат, во Народниот театар, Дедо Мраз ќе дојде заедно со Трите прасиња и ќе ни приредат незаборавна новогодишна авантура за најмалите.
� 27 декември
� 11:00 часот
� НУ Народен театар Битола
Ви закажуваме средба исполнета со насмевки, песна и многу празнична радост.
� Ве очекуваме! ��
Влезници онлајн со попуст на следниот линк:
https://narodenteatarbitola.com/events/triteprasinja-dedomraz/
и во билетарницата.
���
“ТРИТЕ ПРАСИЊА И ДЕДО МРАЗ”
Автор и режија: Јулијана Мирчевска
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Тон мајстор: Александар Димовски
Светло мајстор: Горан Петровски
Видео оператор: Владимир Переловски
Инспициент: Оливер Петровски
Суфлер: Мирјана Христовска
ИГРААТ:
ГИЛЕ – Васко Мавровски
РИЛЕ – Живко Борисовски
ЦИЛЕ – Филип Мирчевски
ВОЛКОТ – Николче Пројчевски
ПРВА СНЕГУЛКА – Софија Наумовска
ВТОРА СНЕГУЛКА – Веда Мавровска
ТРЕТА СНЕГУЛКА – Ана Ангелевска
Претставата е класична интерактивна новогодишна приказна во која преку танци, песни и актерска игра е раскажана приказната за трите прасиња и Дедо Мраз. Прасињата се подготвуваат за најубавата ноќ во годината, новогодишната ноќ, очекувајќи го омилениот гостин на сите деца, Дедо Мраз. Но, поради малото невнимание на едно од прасенцата наместо Дедо Мраз во нивниот дом доаѓа Волкот. Неканетиот гостин предизвикува големи збрки, паника и страв кај прасенцата. Тие не се во можност да се справат со лошиот волк, затоа кај нив доаѓаат напомош нивните пријателки трите Снегулки, тие им помагаат заедно да се ослободат од Волкот. Го дочекуваат Дедо Мраз и ја прославуваат Новата година и така соочувајќи се со опасноста извлекуваат поука дека ако правиш добри дела ќе стекнеш многу пријатели во животот кои секогаш кога животот ќе ти донесе лош момент ќе бидат покрај тебе за да ти помогнат.
*Претставата е наменета за деца од 3 до 12 години.