Почитувани пријатели,
Вашата големата поддршка на изминатите изданија и високата оценка претставуваа мотив повеќе да ја продолжиме традицијата на одржување на вашиот омилен летен фестивал When in Krusevo 2025.
Подгответе се за многу новости и крушевски авантури.
Во рамките на „When in Krusevo“ ќе бидат организирани низа активности, според следната агенда:
Петок 08.08.2025
● 16:00-20:00 Пристигнување и пријавување на учесниците во Крушево, поставување на шатори на Крушевското езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите.
● 18:00 Chillout zone на Крушевско езеро
● 18:00-20:00 Детски фестивал СИДО, Летна сцена Гумење
● 21:30 Официјално отворање концерт Трето Колено, споменик “Илинден”
● 23:00 – 01:00 Забава на отворено Revelation, споменик “Илинден”
● 01:00 – 02:30 Bapchu
Сабота 09.08.2025
● 07:45 Планинарска тура 8км (Старт: Манастир св. Преображение)
● 09:30 Велосипедска тура 20км (Старт: Спомен куќа Тодор Проески)
● 12:00-18:00 Дневни активности:
o 12:00 Забава на отворено Estephano, (Ресторан Алто, Станиќ)
o 12:00 Вештачка карпа, адреналински парк, изнајмување на велосипеди и четириколки, chillout zone - Ресторан Алто, Станиќ
o 13:00 Кајак, SUP, јавање на коњи, chillout zone (Крушевско езеро)
o 17:00 Промотивен тренинг во биатлон со ласерски биатлонски пушки Biathlon 4all, Гумење
● 22:00 – 23:30 Забава на отворено, Мемфис Мафија, Градски парк
● 23:30 – 01.00 ДУПЕР, градски парк
● 01:00 03.00 DOMENICO TALESA Градски парк
Недела 10.08.2025
● 10:00-15:00 Посета на музеи и запознавање на историјата и традицијата
● 10:00-16:00 Тандем параглајдинг на Мечкин Камен
● 11:00 Chillout zone, Kрушевско езеро и Ресторан Алто, Станиќ
● 11:00 – 14:00 Дневни настани
o 11:00 Инклузивен настан за подигнување на свеста за социјално ранливите лица и детски игри (Градски парк)
o 11:15 Музички настап на социјално ранливи лица
o 11:30 Театарска претстава
o 11:30 Саем на храна и пијалоци (Градски парк)
● 16:00 Еко акција, ресторан Алто, Станиќ
● 18:00 Затворање на фестивалот
Со карта од 700 денари добивате фестивалска маичка, пакет производи од спонзори, бесплатни концерти, бесплатен тренинг во биатлон, бесплатни велосипедски и планинарски тури, бесплатни музеи и повластени цени за дел од активностите. Параглајдинг тандем 3000 денари со обучени параглајдерсти, кајак 400 денари, јавање на коњи 1200 денари, камп 300 денари и адреналински парк. Се гледаме во Крушево!
Карти на:
https://mktickets.mk/en/event-en/when-in-krusevo-2025/
*Организаторот го задржува правото да изврши евентуални корекции и измени на програмата на фестивалот.
Покровител НУ ЦК Десет Дена Крушевска Република - Крушево
Со почит,
Тимот на WHEN IN KRUSEVO!
You may also like the following events from When in Krusevo:
Also check out other
Sports events in Bitola.