Прв ден, четврток 18.09.25 :
Поаѓање во 20:00 од Куманово (бензинска пумпа Макпетрол, на автопат)
Ноќно возење преку Србија и Хрватска.
Втор ден, петок:
Пристигнување во Љубљана, кратко разгледување на градот, евентуално набавка на пл.опрема, попатна пауза на Бледско езеро и сместување во Мојстрана.
Трет ден, сабота:
Пристигнување во Аљажев дом во утрински часови. Кратка пауза и подготовка за искачување кон Кредарица.
Совладување околу 1500м висинска разлика за околу 8 часа.
Ноќевање во Кредарица.
Четврти ден, недела:
Искачување на Триглав во рани утрински часови. Совладување околу 400 м надморска висина. Кратка пауза на врвот и спуштање кон Кредарица.Спуштање кон Ковинарска куќа, долина Крма (околу 6 часа пешачење).
Попладне возење до Крањска Гора, ноќевање во Крањска Гора во повеќе креветни соби.
Петти ден, понеделник:
Рано наутро искачување на Виа ферата Мала Мојстровка, тежина Б/Ц, искачување 715 м, 5 часа траење на тура.
Поаѓање за Македонија попладне со попатни паузи. Очекувано пристигнување во ноќните часови.
За наведените искачувања е потребна солидна психофизичка кондиција.
Задолжително е користење на заштитна опрема (кацига, појас, сет за Ферара). Доколку немате опрема може да користите клубска опрема (наведете во пријавата) .
Лица кои не се членови на друштвото, може да користат клубска опрема со доплата од 15 евра во денарска противвредност.
Ова е првенствено планинарска тура, можни се измени на сатниците во зависност од метео условите. Водичот го задржува правото за промена на планот со цел безбедно искачување на Триглав.
Дискреционо право на водичот е дали ќе дозволи или не, некој да учествува на искачувањето.
Водич: Марјан Милановски 071387227
Консултирајте се со водичот пред да се пријавите на линкот за пријави.
За пријавени се сметаат сите што после пополнувањето на образецот, ќе уплатат аванс од 50 евра во денарска противредност. Во случај на откажување, авансот не се враќа.
Во цената е вклучен превоз, 3 ноќевања во повеќекреветни соби и организација на патувањето. Исхраната, трошокот за постелнина во пл.домови не се вклучени.
Турата е наменета исклучиво за планинари членови на планинарски друштва при ФПСМ.
линк за пријавување:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScODWmw0tVIMKityl8DXtWyibf_EzjnpCP96DLfikA4pxARsQ/viewform?fbclid=IwQ0xDSwLHjWpjbGNrAsYzamV4dG4DYWVtAjExAAEetV6tErAffH8LKZu2yX9m_fd3PEv85B7euSaS8HdreO1yzV3l9u59db4ax-I_aem_agmkqCwB6mzkRG9vpuzD7g