После прекрасниот прв концерт претходната година...
Со гордост Ви го најавуваме второто издание на Трибјут концертот во чест на нашиот Тоше ❤️
🩸Во период од 10:00 до 16:00ч. во Домот на млади ќе реализираме крводарителска акција "Биди хуман како Тоше". Ја продолжуваме хуманата мисија на Тоше. Секој крводарител ќе добие гратис влезница за концертот и пакет производи од нашите пријатели.
👨👩👧👦 Во 20:00 часот настапуваат ѕвездичките од "Весело Штурче" кои во хор ќе интерпретираат композиции од Тоше.
🎶 Од 21:00 започнува главниот сегмент од ноќта посветена на нашиот Тоше. Со unplugged изведба, концертот го отвораат Duo Bright & Lili Аcoustic. По нив, на сцената настапуваат The Hounds со свој аранжман на неколку песни од Тоше. Потоа настапуваат: Мартинијан Кириловски, Андријана Петрушовска, Антониа Гиговска, Бени, Дани, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Атанас Петров, Марија Данева, Виолета Арсовска & Виктор Манев, Зоран Илиев, Огнен Здравковски...
🎹 No End & Friends ќе бидат бендовска поддршка на изведувачите
👫 Водители: Миро Кацаров и Верица Донев (Backstage)
РЕЗЕРВАЦИИ НА МАСИ НА: 071 368 794
Влезниците по промотивна цена од 300ден од 08.08.2025 во претпродажба може да купите во City Point Tobacco (во центар и City Mall)
Концертот има хуманитарен карактер, дел од средствата ќе бидат употребени за реконструкција на улицата Тоше Проески во Крушево.
...уште еднаш ќе покажеме дека Тоше и неговите дела сеуште живеат во нас...