Трето издание на Љуботен скајрејс 2025, ќе се одржи на 14.09.2025 (недела) по веќе позната патека во должина од 23,5 км со 1680м Д+
Трката ќе се одвива дел низ планинарски патеки (широка патека со благ нагиб до планинарски
дом Љуботен, како и низ технички терен (терен со карпи, камења и слично ) од Вила Љуботен
до самиот врв, патеката ќе води низ Козја Стена.
Трката ќе биде верифицирана и бодувана според ITRA стандарди.
Старт: Старо Село (кај училиштето, фудбалски терен)
CP 1: Вила и дом Љуботен – 8км 800м Д+ (храна и освежителни пијалоци )
CP 2: Врв Љуботен – преку Козја Стена 12км 1650м Д+ (сензор за електронско мерње на време )
CP 3: Викендици с.Рогачево – 17км 1000м Д- ( освежителни пијалоци )
Цел: Старо Село 23,5 км 1650м Д+/- ( вода, храна и освежителни пијалоци, прва помош)
Пријавувањето е отворено до 09.09.2025 на следниот линк
РЕГИСТРАЦИЈА :
https://runnerspot.com/event/LjubotenSkyRace