🎶✨ Фамилија Тангови – Уписи за почетници ✨🎶
Дали сте подготвени за нов предизвик што ќе ви донесе радост, забава и нови пријателства?
Тангото е многу повеќе од танц – тоа е култура, начин на комуникација и уметност на моментот. Со нас ќе научите чекори, но уште поважно – ќе научите да слушате музика, да се изразувате и да се поврзувате со други луѓе на еден уникатен начин.
🌟 БЕСПЛАТЕН воведен час и презентација
📅 13 септември (сабота)
🕕 18:00 – 19:30
🌟 Со курсот започнуваме од 16 септември
📅 Вторник и четврток
🕣 20:30 – 21:45
👉 Час + практика: на часовите учиме ново, а на практиките веднаш вежбаме со сите групи заедно.
💰 Цена:
>>> Редовна месечна членарина: 1600 ден (за пријава во пар 1400 ден од човек)
>>> За студенти и средношколци: 1400 ден (за пријава во пар 1200 ден од човек)
ПРИЈАВА НА ОВОЈ ФОРМУЛАР:
https://forms.gle/WsMfswQevLqFAjha6
📍 Локација: ул. Виенска бр. 8 (Тафталиџе 1 – близу City Mall)
📞 075 375 018
📧
ZmFtaWxpamF0YW5nb3ZpIHwgZ21haWwgISBjb20=
✨ ЗОШТО ТАНГО?
✔️ Ќе откриете нова вештина која ги развива телото и умот.
✔️ Ќе ја подобрите координацијата, балансот, држењето и чувството за ритам.
✔️ Ќе го ослободите стресот и ќе ја зголемите енергијата.
✔️ Ќе бидете дел од заедница која негува култура, дружба и поддршка.
✔️ Ќе совладате танц кој можете да го играте насекаде во светот.