Во рамки на денови на психологија 2025, Психолошки центар ,,Раст и Развој" организира бесплатна работилница наменета за адолесценти и млади до 29 години. Има за цел да им понуди јасни, практични и применливи информации за менталното здравје.
Ќе зборуваме за тоа што е ментално здравје и како секојдневните ситуации од училиштето, студиите,
семејството, пријателствата и романтичните врски, можат позитивно или негативно да влијаат врз нашето емоционално функционирање.
Учесниците ќе научат како да препознаат рани знаци дека нешто не е во ред, како што се промени во расположението, повлекување, проблеми во врските, намалена мотивација, тешкотии во комуникацијата или зголемен стрес.
Ќе обработиме практични начини како младите можат да се справат со таквите состојби, како да побараат поддршка од блиски луѓе и како, кога и каде безбедно да се обратат по стручна помош.
Работилницата нуди простор за отворен разговор, поставување прашања и учење вештини што им помагаат на младите подобро да се грижат за себе, да ги разберат своите односи и да реагираат навреме кога чувствуваат дека им е потребна поддршка! ❤️
📆 Датум: 3ти Декември
⏰ Време: 18:00 - 20:00 часот
📍Локација: бул. Партизански одреди бр. 153 Порта Влае Скопје
📲 Телефон за контакт: 077 222 611
🗣️Работлиницата ќе ја води: Марија Аџиоска Дунимаглоски, психолог и основач на Психолошки центар ,,Раст и Развој"
Марија е лиценциран психолог, низ годините своето искуство и знаење го развивала преку работа во здравствена, образовна, академска, организациска психологија. Моментално, во нејзиниот психолошки центар, секојдневно работи психолошко советување со индивидуи, парови и семејства. Работи со млади и возрасни, нудејќи поддршка при потешкотиите со менталното здравје и поттикнување на процеси на опоравување, личен раст и развој. Нејзиниот пристап интегрира гешталт психологија, системска и семејна психотерапија, НЛП - невро лингвистичко програмирање, HR и психодијагностика.
✅ Бројот на места е ограничен, затоа пријавете го вашето присуство на бројот за контакт 077 222 611 или на следниот линк
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScoEtdKmHlrkqLKnDIY7-PLDxfKE8YZTp_06jtrj9MDztdNjQ/viewform
#деновинапсихологија2025 #грижазаменталнотоздравјенадецатаимладите