Традиционално, во декември се дружиме со извонредниот гитарист Мухамед Ибрахими.
Овој пат концертот е наменет само за 100 посетители — интимно издание во кое музиката се доживува поблиску, подиректно и посилно.
Концертот ќе се одржи на 12 декември, во 20:00 часот, во Даут пашин амам, чиј амбиент и природна акустика создаваат идеална сцена за неговиот препознатлив звук.
Ибрахими, кој веќе е миленик на скопската публика, е мултиинструменталист со автентичен авторски потпис, кој на гитарата, мандолината, сазот и другите жичани инструменти пристапува со интуиција и слобода, спојувајќи блуз, рок, амбиентални елементи, ориентална (суфи) традиција и балкански фолклор.
Овој концерт е навистина уникатна можност за искрено музичко доживување.
Бидејќи бројот на влезници е строго ограничен, препорачуваме да ги обезбедите навремено.