🌟 „ДОБРИТЕ ЛОШКОВЦИ“ – повторно на сцена, по барање на публиката! 🌟
По бројните насмевки, аплаузи и пораки од малите и големите фанови, со радост објавуваме:
🎭 ВТОР И ПОСЛЕДЕН ТЕРМИН на хит-претставата „Добрите Лошковци“!
Подгответе се за незаборавна детска авантура во која трите „страшковци“ – духот Пух, вампирот Веге и вештерката Светле – ќе ве поведат низ свет исполнет со смеа, песна и неочекувани поуки. Тие сакаат да бидат зли... ама нешто не им оди! 🙈
Преку многу музика, интеракција и комични ситуации, децата учат дека:
💛 да се исмеваш или навредуваш не е кул,
💛 пријателството и сочувството се вистинската сила,
💛 и дека секој може да биде херој – на свој добар начин!
Кога публиката ќе се вклучи и заедно со јунаците го создаде Советот на добрите лошковци, магијата е потполна! ✨
👧 Возраст: 3+
🎶 Времетраење: 40 минути
🎫 Не ја пропуштајте оваа можност – вториот и последен термин е навистина последен!
💫 Добрината повторно ќе победи – со многу смеа, музика и љубов!
You may also like the following events from Public Room: