,,Втор живот"- Фото изложба на Стоилко Стоицев.
15 – 17 октомври 2025 | 20:00 ч.
Културно Информативен Центар – Скопје (Продажен Салон).
,,Втор живот" е изложба на фотографии направени на планините во Македонија, Европа, Јужна Америка, Африка и Азија. Тоа се сведоштва од моменти кога секој здив тежи, но секој поглед вреди.
Преку овие фотографии ќе може да разгледате колку е убава природата на планините и кој спокој го дава планинарењето, бегство од загадениот и токсичен град во мирот на природата во нов живот на спокој. Ќе имате можност да разгледате над 20 автентични фотографии од лични моменти на авторот и дополнети со интересни приказни. По отварање на изложбата следи средба и дружба со авторот во пријатна планинрска атмосфера во срцето на Скопје.
Овие фотографии не се само пејсажи тие се сведоштва за чекори, тишина, студ, самотија и триумф. Овде не се гледаат само планини туку 10 години планинарски пат до себе – Стоилко Стоицев.
Добро дојде ни се сите љубители на фотографијата, планинарењето и уметноста на мајката природа.
Поведи пријател, дојди и доживеј го светот од височина!
Влез: Бесплатен