Отворен конкурс на Фондацијата Миладиновци
„Спомени за Браќата Миладиновци“
За тематска поетска творба
Фондацијата Миладиновци, основана од потомците - Ристе Миладин и неговите синови Димитрија и Константин, по повод годишнината од раѓањето на Браќата Миладиновци, распишува отворен поетски конкурс на тема:
„Спомени за Браќата Миладиновци“
Во чест на големите македонски преродбеници Димитрија и Константин Миладиновци, и со цел одбележување на нивното културно и историско значење, конкурсот има за цел да поттикне создавање на поетски дела посветени на нивниот живот, дело и придонес кон македонската преродба и духовна историја.
Право на учество:
Сите поети од Македонија и пошироко кои ќе испратат една своја необјавена песна на македонски јазик, тематски посветена на Браќата Миладиновци. Песната може по избор да биде преведена и на друг јазик. Песните да се напишани на кирилично писмо и да не се подолги од 48 реда. Авторите да испратат и своја кратка биографија.
Краен рок за испраќање 15 септември 2025 година.
Песните се испраќаат на:
bWlsYWRpbmRyYW1za29zdHVkaW8gfCBnbWFpbCAhIGNvbQ==
Избраните творби ќе бидат разгледани од стручна комисија составена од литерати, професори и културни работници. Одбраните песни ќе бидат објавени во посебна тематска збирка со наслов: „Спомени за Браќата Миладиновци“.
Промоција на книгата:
Збирката ќе биде промовирана на 15 ноември 2025 година во 12:00 часот, во Спомен-домот на Браќата Миладиновци. На промоцијата ќе бидат поканети сите застапени автори во книгата.
Најуспешната песна ќе ја добие наградата „Миладиновско слово“.