Во Недела 28.09.2025 година ПЕД Церн Камен 2257 Вевчани организира традиционално искачување на врв Радуч 2083 мнв со посета на манастирот Свети Илија - Јабланица.
Програма:
Недела - 28.09.2025 година
- Тргнување во 7:00 од центарот на Вевчани
- Во 07:50 часот пристигнување до манастирот Свети Илија - Јабланица
- Старт на турата во 08:00 часот од манастирот Свети Илија - Јабланица
- 11 часот искачување до врвот Радуч 2083 мнв на планината Јабланица
- 14:00 часот пристигнување до манастирот Свети Илија - Јабланица
- 16:00 часот тргнување од манастирот Свети Илија - Јабланица за Вевчани.
Опис на турата:
Тргнување во 08:00 часот од пред манастирот Свети Илија - Јабланица кој се наоѓа на околу 1400 мнв.
Должината на турата е 10 км во двата правци и категоризирана во средно-лесна патека со висинска разлика од околу 700 мнв.
Времетраење на турата е околу 6 часа.
Патеката започнува од пред манастирот Свети Илија - Јабланица и почнуваме со движење по маркирана патека. 2,5 км се движиме низ букова шума, а потоа цело време се движиме по тревнат дел. Поминуваме покрај местото викано Девојкина вода и продолжуваме до врвот Радуч со 2083 мнв. Спуштањето продолжува по кружна патека оклолу 1 км, а потоа пред местото Девојкина вода се приклучуваме на истата патека по која се искачувавме и продолжуваме со спуштање до манастирот Свети Илија - Јабланица. Завршување на турата е со посета на манастирот Свети Илија - Јабланица.
Напомена:
Секој учесник треба да поседува соодветна опрема за движење во планина (кабаница, разгазени планинарски чизми, јакна, капа, планинарски стапчиња и сл.) и да носи доволно количество вода и храна. Секој учесник треба да биде психофизички спремен, да ги почитува насоките и правилата на водичите на турата, во спротивно може да биде исклучен од групата и сам е одговорен за последиците. Во зависност од временските услови организаторот и водичите имаат право да направат измени во насоките на планинарската тура од безбедносни причини, а доколку временските услови не дозволуваат организаторот може и целосно да го откаже настанот.
Секој учесник може да се пријави на е-маил:
Y2VybmthbWVuMjI1NyB8IHlhaG9vICEgY29t, во порака на нашата FB страница или на телефоните:
074 601 654 - Драган
077 677 544 - Горан
За подобра организација пријавувањето на учесниците е задолжително. За подетални информации може да се јавите на претходно наведените телефони.
Со почит
ПЕД Церн Камен 2257 Вевчани