Во чест на "Денот на Независноста на Република Македонија 🇲🇰", на ден 08.09.2025 год. МТБ КАРАУЛА Струга по втор пат ќе ја вози турата "ПОКРАЈ КАРАУЛИТЕ НА ЈАБЛАНИЦА".
По тој повод поканети сте сите љубители на планинскиот велосипедизам од Струга и пошироко да не удостоите со Ваше присуство за заедничко одбележување на празникот.
Секој вози на своја одговорност, со технички исправен велосипед, кацига, резервна гума и опрема за офф роад терен.
На плоштад во Радожда е обезбедена скромна закуска од наша страна, а пивцето Ви е во сопствена режија кај Аце Бади во продавница.
Тргнување од Барабар во 08.30ч.
Се вози: Вишни, Караула Тришилка, К. Скендер Бег, К.Мали Влај, спуст ГП Ќафасан, К.Приморје и крај К.Радожда.
Напомена: ТЕЖИНА НА ТУРАТА Е 9/10.
Турата ја возиме како секојдневна, нема пријави, стартни пакети, само позитивна енергија и добра дружба.
Ако некој не се осеќа спремен да ја извози цела, може да се извози и дирекно према ГП Ќафасан со спуст во Радожда.
Се гледаме на 08 Септември, 08.30ч пред Барабар.