Планинарски марш за првото училиште на македонски јазик, 21 September

Планинарски марш за првото училиште на македонски јазик

Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”

Highlights

Sun, 21 Sep, 2025 at 07:30 am

3 hours

Подвис

Advertisement

Date & Location

Sun, 21 Sep, 2025 at 07:30 am to 10:30 am (CEST)

Подвис

Ohrid, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of

Save location for easier access

Only get lost while having fun, not on the road!

About the event

Планинарски марш за првото училиште на македонски јазик
По повод 82 години од првото училиште на македонски јазик на слободна територија (Подвис, 23 септември 1943 г.), на 21 септември 2025 г. (недела), Планинарското еколошко друштво „Ендорфин“ го организира Третиот планинарски марш на релација:
с. Подвис (660 м.н.в.) – црква Св. Атанасиј (старо село Подвис, 810 м.н.в.) – Ледина (1065 м.н.в.) – врв Планиница (1391 м.н.в.) – Првото училиште на македонски јазик (старо село Подвис, 850 м.н.в.) – с. Подвис (660 м.н.в.).
Акцијата се одвива по кружна маркирана планинарска патека во должина од 14 км и висинска разлика од 730 м., а според карактеристиките на теренот се квалификува во категоријата на лесни планинарски акции.

ПРОГРАМА на ПЛАНИНАРСКИОТ МАРШ

07:30 ч. – собирање на учесниците на ширината во долното село Подвис (кај „новото“ училиште)
08:00 ч. – старт на акцијата
08:30 ч. – пристигнување кај црквата „Св. Атанасиј“ во старото село Подвис (пауза 5 мин.)
09:30 ч. – пристигнување на групата кај месноста Ледина (пауза 15 мин.)
09:45 ч. – поаѓање кон врвот Планиница
11:30 ч. – пристигнување на врв Планиница (1391 м.н.в.), пауза 30 мин. (зависно од временските услови)
12:00 ч. – поаѓање кон месноста Вирче
13:30 ч. – пристигнување кај зградата на првото училиште во старото село Подвис
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГОДИШНИНАТА ОД ПРВОТО УЧИЛИШТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА СЛОБОДНА ТЕРИТОРИЈА
14:00 ч. – доделување благодарници за учество
15:30 ч. – упатување кон долното село Подвис

ВАЖНО
- Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце
- Доручекот е од ранец, вода 2 л. (на патеката само на едно место има вода)
- Задолжителна пријава за учество со број на членови
Планинарско друштво/клуб:
______________________________________________
Име и презиме / бр. на л. карта /
1.
2.
3.
Доставување на пријавите на е-пошта: ZW5kb3JmaW4gISBraWNldm8gfCBnbWFpbCAhIGNvbQ== или во порака на фејсбук-страницата на Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”.
*Заради организациски потреби пријавувањето за Маршот е најдоцна до петок (19 септември 2025)
*Акцијата се организира во соработка со Месната заедница на с. Подвис.

Водичи:
Давор Јанкулоски (075 668 501)
Мирослав Секулоски (071 511 702)
Елена Ванчоска-Секулоска
Зоран Маџоски (077 495 232)

НАПОМЕНА
- Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност
- Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

*****************
Првото училиште во Подвис е регистрирано како државно културно наследство на Македонија од 1978 г. За жал, овој податок не ја подобрува руинираната состојба во која се наоѓа.
Со искрена надеж дека ова место што поскоро ќе го добие заслуженото внимание од страна на државните институции и дека урнатините нема да останат последниот сведок за камен-темелникот на образованието во слободна Македонија, за местото каде што учителот Василко Ристески им соопштил на учениците дека ќе учат на македонски јазик,

Планинарско еколошко друштво ЕНДОРФИН

interested
Stay in the loop for updates and never miss a thing. Are you interested?
Yes
No

Ticket Info

To stay informed about ticket information or to know if tickets are not required, click the 'Notify me' button below.

Advertisement

Nearby Hotels

Подвис, Ohrid, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Get updates and reminders
Advertisement
Планинарски марш за првото училиште на македонски јазик, 21 September
Планинарски марш за првото училиште на македонски јазик
Sun, 21 Sep, 2025 at 07:30 am