Културната сцена/понуда во Прилеп во последните десетина години доживеа таква стагнација, што уживателите на добра музика и редовните посетители на концерти / настани од културата од Прилеп почнаа редовно да се среќаваат во другите градови низ Македонија. Како резултат на таквата ситуација во градов, независната културна сцена во последните неколку години го држи приматот на најголем организатор ....овој пат, скромен придонес ќе даде и иницијативата „500 денари рекет“ со која се иницира барем еднаш во месецот да си вложиме по 500 денари и да поканиме артисти што сакаме да ги гледаме...ќе започнеме со концертот на битолскиот бенд ВЕЛ и специјалниот гостин на вечерта ГОТРА...изненадување на вечерта ќе биде придружната изложба на нашата Костадинка Нешова- Солеска, „Шепот на соништата“
Ве очекуваме....
ВЕЛ & ГОТРА
Горан Трајкоски – Готра е истакната фигура на македонската и регионалната музичка сцена, меѓународно препознаен по својот уникатен уметнички израз и пионерски придонес во алтернативната и експерименталната музика. Светската јавност го запозна како еден од основачите на групата Анастасија, чиј звучен запис за оскаровски номинираниот филм „Пред дождот“ претставува пресвртница во историјата на балканската музика.
Во текот на неговата повеќедецениска кариера, Трајкоски изгради препознатлив музички јазик што ги надминува жанровските граници — спојувајќи елементи од рок, театар и филм со длабока емоционална и духовна резонанца. Неговото творештво не се води од трендови или
надворешни влијанија, туку од внатрешен инстинкт, уметничко убедување и трајна креативна визија.
Од своите почетоци со Афективен набој, преку влијателните состави како Падот на Византија, Мизар, Апореа и Анастасија, до компонирање оригинална музика за театарски претстави повеќе од три децении Трајкоски постојано ги поместува границите на звукот и изведбата.Неговите соработки со широк спектар уметници — меѓу кои Muger Fugger, Александар Вељанов, Елена Христова, Deine Lakaien, Карла Левински и Вел — сведочат за неговата постојана истражувачка потрага по нови музички простори. Без разлика дали настапува како вокалист, композитор, продуцент или изведувач, неговото дело е веднаш препознатливо по својата автентичност и длабочина.
На концертот во Прилеп, Трајкоски ќе настапи заедно со бендот Вел, на специјален заеднички настап што уште еднаш ја потврдува неговата улога како динамична сила
во современата музика.
ВЕЛ бенд од Битола, формиран во 2019 год. Прв албум „ЦРНИЛО“ во 2021 год.
Снимен во студио ОМНИ, на него се наоѓаат десет авторски песни, кои доволно говорат замузички перцепци. Вториот албум со налов „Коски Коски“ излезе 2025 година.
Томе Спасовски, бас гитара и глас. Спасовски е дипломиран музичар, професор попијано во Државното музичко училиште во Битола. Претходно членувал во групите Контракултура и The Government. Објавил поетска збирка „Безнесум“ Учествувал во низа музички проекти: Historia de un amor, Unplugged Nirvana '94, Korunovska inging&music, Камерна опера Битола...
Златко Никодиновски, гитара и глас. Од 2000 год. членувал во групите: Флуор, Небо
(албум Hard to complete), Against Them All (албум First Born), Тhe Government ( албум Разбуди ме). Никодиновски е графички и мултимедијален дизајнер. Музички проекти: Historia de un amor, Unplugged in NY Nirvana '94, Tribute To Alice In Chains ...
Сашо Ристевски, тапани. Претходно членувал во групите Dismay и The Govermment. Ристевски е сопственик на студиото ОМНИ и e човек задолжен за продукција, микс, ремикс и мастеринг на групата.
Денис Алитовски, клавијатури и глас. Алитовски е дипломиран музичар, професор по пијано во Државното музичко училиште во Битола. Претходно членувал во групата Jazz Scenario.Музички проекти: The Opeara House, Maria de Buenos Aires (Astor Pizaola)…
Горан Јаневски, активен од 1999 година.Гитара и Глас. Членувал во повеќе бендови
(Промашена Инвестиција, Флуор, Three minutes in the Rain, The Government, Veljanov) Учествувал и во повеќе музички проекти како: Биоскопија( Горан Трајкоски-Елена Христова), На Светов Убавина (Горан Трајкоски), Historia de un amore, и многу други различни art music перформанси...
Also check out other Music events in Bitola, Arts events in Bitola, Entertainment events in Bitola.