ФЕНОМЕНОТ SOOSHI MANGO во Скопје!🎉
👉Во организација на Live Nation и A Comic Soul, австралиското трио SOOSHI MANGO ја носи својата светска комедија на турнеја со наслов “HOME MADE WORLD TOUR” 2026 низ арени ширум светот!!!
По две историски и рекордни австралиски турнеи, неверојатниот комичарски феномен со милиони следбеници на социјалните мрежи ќе ја започне својата најголема и најамбициозна меѓународна турнеја досега, опфаќајќи големи градови низ Северна Америка и Европа од април до јуни 2026 меѓу кои Бостон, Детроит, Лос Анџелес, Њујорк, Париз, Лондон, Берлин, Милано, Варшава, Атина и 👉СКОПЈЕ!
🔥Она што пред само девет години почна како идеја на тројца другари кои снимаат препознатливи етничко-семејни скечеви во своите автомобили, прерасна во една од најголемите комичарски приказни!
⚡Браќата Џо и Карло Саланитри, заедно со нивниот долгогодишен пријател Ендрју Манфре, го изградија Sooshi Mango во културен феномен, со ликови како Џони, Винс, Сем, Џузепина, Кармела и Ангела — херои што допираат до милиони!!!
Со над 1 милијарда прегледи на видеата на социјалните мрежи (вклучувајќи 170+ милиони на највиралното австралиско комично видео) и глобална заедница од повеќе од 8 милиони следбеници, дофатот на SOOSHI MANGO одамна го надминува живиот перформанс.
КОМЕДИЈА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ!
Вашите баби, дедовци, тетки, млади и стари - сите знаеме кога се тропа во кујната во недела сабајле!
СКОПЈЕ Е ДЕЛ ОД СВЕТСКАТА МАПА НА КОМЕДИЈАТА, а Друга Страна го овозможува тоа!
📅 6 јуни 2026
📍 СРЦ Кале
🎟 Билети во продажба на 12 декември во 10:00 часот!
Бидете подготвени – ќе летаат како дрвена лажица кога ќе и кажеш на мајка ти дека јадењето и е пресолено!👌
www.drugastrana.mk