Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 5 април 2026 ќе се одржи 14-то издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.
Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.
ПРОГРАМА
Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
• 09.40 – Аеробик загревање
• 10.00 – Старт на трка на 3км
• 10.45 – Прогласување на најдобрите
• 11.00 – Доделување награди од лотаријата
По завршување на трката ќе има забава.
СТАРТЕН ПАКЕТ
• стартен број со чип
• вода
• учество во лотарија
• подароци од спонзорите
МАИЦА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОДУКТ
При процесот на регистрација како дополнителен продукт може да купите и маица со логото на трката.
НАГРАДИ
По завршувањето на трката ќе бидат доделени наградите од лотаријата и прогласување на најдобрите.
Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.
КАТЕГОРИИ
• до 12 години
• до 14 години
• до 18 години
• до 30 години
• до 40 години
• до 50 години
• до 60 години
• дo 70 години
• 70+ години
По прогласувањето на најдобрите, следува доделување на наградите од лотаријата. Извлекувањето ќе се одржи во живо еден ден пред трката на местото каде што ќе се подигнуваат стартните броеви. Во лотаријата учествуваат сите пријавени учеснички во трката со стартен број. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.
ПАТЕКА
Старт и цел на трката ќе бидат на бул. Илинден, во близина на Фонтана Лотос, а се трча еден круг од 3 км.