📚 ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ЗА ДЕЦА “МАГИЧНИОТ КРУГ НА ДЕТСТВОТО“ ОД ТАТЈАНА ГОГОСКА
📅 18 септември 2025, 19:19 ч
📌 Салон 19:19
За книгата ќе зборуваат Жаклина Мучева, модератор и рецензент и Елена Максимовска, автор илустратор на книгата
„Магичниот круг на детството“ е илустрирана книга за деца, во која се сместени две многу различни, но многу исти приказни за деца , тоа се приказните за Најденко и Силјан .
Книгата е мултимедијално издние, каде покрај приказните има интересни илустрации, надополнети со Магична боенка и Магична музичка тетратка.
Во нив децата можат да ги бојат ликовите, како тие ги доживуваат, а на стиховите од песните, кои се дел на текстовите да создаваат музика. Децата може книгата да ја персонализираат низ нивното детство, а е соодветна за работа со родители и наставници.
Првиот дел е посветен на “Наједнко во Магичниот круг“ и тоа е современа приказна, онаа која ја има на секој чекор од растењето на децата , а “Магичниот круг на Силјан“ е приказна, временски многу далечна, а социјално многу различна. Двете приказни ги спојува иста детско- младешка желба . Децата во своето растење имаат периоди, кога се чуствуваат туѓи и несакани и бараат бегство во соништата и фантазиите. Токму тое е мотивот авторката М-р Татјана Гогоска да ги спои овие две приказни, за кои е многу интересно, дека најнапред беа напишани како драмски текстови.
Татјана Гогоска е автор, кој своето досегашно творештво најмногу им го посветува на децата и младите. Ова е нејзина осма книга, шеста за деца. Како автор, позната е по своето телевизиско авторство, повторно најмногу за деца, автор е на драми а нејзините книги почнувајќи од 1993 година, кога ја издаде првата книга раскази за деца “Насмеани очи“ до оваа последнава “Магичниот круг на детството “, се творечки приказ на најубавиот и најважниот период во животот а тоа е детството.