Event

17 Години Хаундс - Роденденски Концерт

Advertisement

Поминаа 17 години откако прв пат почнавме да свириме во овој состав, како The Hounds.
Безброј настапи, насмеани лица и распеани луѓе не следат насекаде каде настапуваме, за што сме преблагодарни.
Затоа, со гордост и чест ве каниме на нашиот годишен роденденски концерт, на 13ти Август во 21:00ч во срцето на старата Прилепска чаршија пред клубот Калинка!
Поканети сте сите, заедно со нашите пријатели уметници ќе направиме ноќ што долго ќе се памети и ќе го одбележи ова лето, ноќ што полека преминува во традиционално собирање на целиот град, а и луѓе од цела Македонија на едно место.
Од утре ви ги најавуваме сите гости на настанот!

Ние сме мотивирани и посветени како никогаш до сега.
Ви благодариме за се,
ние сме The Hounds и свриме само за ВАС <3



Advertisement
Share with someone you care for!

Best of Bitola Events in Your Inbox