Event

Триатлон 3Дисциплини 2025

Advertisement

Традиционалниот меѓународен триатлон 3 Дисциплини спринт дистанца по 12-ти пат повторно во Струга.
Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти и нуди иделни услови за почетници и професионалци од овој спорт. Добредојден е секој кој сака да доживее една нова авантура и да се направи себеси горд. Пробајте ги сценските патеки од преубавата Струга и бидете дел од овој несекојдневен настан.
Пливачкиот сегмент ќе биде во езерото на обележана патека а исто и велосипедскиот и делот за трчање ќе бидат на претходно обележани патеки на крајбрежјето. Имаме категории за сите возрасти и нивоа на подготвеност. Стартот и целта ќе бидат на старото-ново место пред Евро Хотел.

Kaфе Бар Beach/ Kafe Bar Russ
Мапи,распоред на трки и подетални информации ќе следат наскоро.




1.ОРГАНИЗАЦИЈА
Организатор: Tриатлон Клуб 3Дисциплини
Техничка поддршка ТФСМ
Помагател: Министерство за спорт на Северна Македонија

2. ЛОКАЦИЈА
Место на одржување: Во близина на Евро Хотел, наспроти Кафе бар Рус, Kafe bar Russ

3. ПОДЕЛБА НА СТАРТНИ БРОЕВИ И БРИФИНГ
Петок, 22.08.2025:
18:00-19:00 Поделба на стартни броеви
19:00 – 20:00 Краток брифинг за: Сениори, Јуниори, Кадети, Мастерс,Кадети , Деца 2, Деца 1

Kafe bar Russ/ Кафе бар Рус

3. ПРАВИЛА, ПРОПИСИ И ПАТЕКИ
Предстартна процедура:
-Маркирање со стартен број и давање чип
-Доцнење не се толерира
-Изгубен чип се наплаќа 1.200 денари
-Без чип = нема време
Транзиција:
-Поставена пред Кафе Бар Рус, наспроти Евро Хотел

Патека за велосипедизам:
-Патот во правец кон Факултетот ФОН
-Вртење околу маркер, враќање назад
-Еден круг = 5 км

Патека за трчање:
-Асфалтирана патека до Факултетот Фон (1.25 км во една насока)
-Враќање назад по бекатон патеката крај езерото

*Патеки за Деца 1 и 2:
-Велосипедизам: регионален пат соодветен по дистанца
-Трчање: асфалтирана патека



Маршрутата ќе биде објаснета пред стартот и
ќе биде прикажана на мапите поставени на социјалните медиуми.



4.KАТЕГОРИИ:
Сениори (2005 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Јуниори (2009-2006) 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Кадети (2012-2010) 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.
Деца 2 (2013-2015) 200м пливање, 5км велосипед, 1,25км трчање;
Деца 1 (2016 и помали): 100м пливање, 2,5км велосипед, 0.675 км трчање.
Рекреативци (Age Group), 2001 година и постари: 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
(ВРЕМЕНСКИ ОГРАНИЧЕНА!)
Тимски Триатлон - екипа од 3 членови во која мора да има барем еден учесник од машки и еден од женски пол (мешани тимови), секој учесник одработува по една дисциплина: 375м пливање, 10км велосипед, 2.5км трчање.
5.ТРКИ:
Спринт триатлон: 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање - Категории: Сениори, Јуниори, Рекреативци. Цена: 1100 ден
Кадетски триатлон: 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање - Цена : 800 ден.
Детски триатлон: Категорија: Деца 2- 200м пливање, 5км велосипед, 1,25км трчање - 500 ден.
Категорија: Деца 1 100 м пливање, 2,5 км велосипед, 0.625 трчање-300 дена.
Тимски триатлон: 375м пливање, 10км велосипед, 2.5км трчање
- Категории: Тим од 3 членови. 2100 ден.







6. ПРАВО НА УЧЕСТВО И ПРИЈАВУВАЊЕ
Право на учество имаат сите регистрирани спортисти во ТФСМ и рекреативците.
Спортистите мора да бидат осигурани и лекарски прегледани (обврска на клубовите).
Рекреативците кои немаат осигурување и лекарски преглед при пријавување на веб страната се согласуваат за настап на сопствена одговорност.
Натпреварувачите кои се членови на клубовите се должни да приложат ЛИЦЕНЦА издадена од ТФСМ.
Котизација:
Сениори/ки, Јуниори/ки, Мастерс – 1100 ден.
Кадети/ки - 800 ден.
Деца 2 – 500 ден.
Деца 1 – 300 ден.
Штафета 3*700=2100
Пријавувањето е на

линкот: https://3disciplines.trki.mk/mk/events/3disciplini-triatlon

најдоцна до 18 август
Секој учесник при пријавување се согласува за фотографирање и објавување на слики на социјални медиуми.



7.БЕЗБЕДНОСТ
Натпреварот се одржува според правилата на World Triathlon и ТФСМ.
Задолжително е носење заштитен шлем.
Забрането е настапување со голо тело во кој било дел од натпреварот.
Забрането е користење на TT велосипеди и тркала со помалку од 12 жици.
Забрана за користење на тајм-трајл рачки на управувачот на сите трки организирани или поддржани од ТФСМ.




8.КАЗНИ И ЖАЛБИ
Доколку натпреварувач добие казна и ја издржи во одредениот дел за казни, нема право на жалба, дури ни со плаќање паушал.
Ако натпреварувачот не ја издржи казната, може да поднесе жалба до главниот судија со паушал од 50 евра во денарска противвредност.
Ако жалбата е прифатена, на натпреварувачот ќе му биде вратен паушалот и ќе добие официјален пласман.
Ако жалбата е одбиена, натпреварувачот ќе биде дисквалификуван, а средствата остануваат кај организаторот.

9. ЕТИЧКО И СПОРТСКО ОДНЕСУВАЊЕ
Строго се забранува било каква вербална комуникација со судиите и техничките лица од страна на натпреварувачите, тренерите, родителите или други присутни лица.
Посебно внимание ќе се посвети на спортското и етичко однесување на сите натпреварувачи, како и на однесувањето на родителите и тренерите.




Advertisement
Share with someone you care for!

Best of Ohrid Events in Your Inbox