Event

Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“

Advertisement

Рупикапра МТБ Струга и Еко-свест Вевчани со задоволство ве покануваат на овогодинешната велосипедска авантура

„Планинска вело тура – Вевчанска Голина – Локва 2025“
Датум: 6 јули 2025 година (недела)
Почеток: Центарот на Вевчани, во 09:00 часот
Минатата година настанот беше голем успех со повеќе од 130 учесници , а оваа тура веќе станува традиционална активност која ги поврзува љубителите на природата и планинскиот велосипедизам од целата држава .
Целта на оваа планинска тура е промоција на природните убавини на планината Јабланица, заштитеното подрачје Споменик на Природа „Вевчански Извори“, како и потенцијалот за развој на планински велосипедски туризам во овој уникатен предел.

Опис на патеката:
Турата започнува од Центарот на Вевчани и продолжува по следнава рута:
Вевчански Извори – Есејнца – Смолејца – Јанков Камен – Манастир Св. Климент – Горна Белица – Видиковец Вевчанска Голина , а враќањето е преку Средни Рид назад до Вевчани.
Вкупна должина: 30 км
Елевација: ~1100 м
Тежина на турата: 8/10 – наменета за учесници со добра физичка подготвеност

Дополнителна можност:
Сите заинтересирани учесници можат по желба да се приклучат на кратко планинарење од 30 минути – од Видиковецот до глацијалното езеро Вевчанска Локва - бисерот на планината Јабланица..

Пријавување:
🔒 Официјалното пријавувањето за настанот е затворено.
👉 За да можеме навреме да ги изработиме маиците и да обезбедиме сè што е потребно за учесниците, пријавувањето беше затворено на 23.6.2025 година во 11:00 часот. 👕

Сите што не се пријавиле во предвидениот рок ќе можат да учествуваат на настанот, но за нив нема да има стартни пакети (драјфит маици и сл.).
Ви благодариме на интересот, се гледаме наскоро!

За сите навремено регистрирани учесници се обезбедени драјфит маица, освежување и ручек .
Учеството на настанот е без котизација!

Секој учесник учествува на сопствена одговорност и се обврзува да ги почитува безбедносните и организациските насоки дадени од организаторите .

Настанот е поддржан како дел од проектот:
„Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори“, финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust - PONT а спроведуван од Еко-свест.




Advertisement
Share with someone you care for!

Best of Ohrid Events in Your Inbox