Event

Концерт на Ансамбл „ТАНЕЦ“

Advertisement

🎶 АНСАМБЛОТ „ТАНЕЦ“ ВО СТРУГА! 🎶
Подгответе се за вечер исполнета со ритам, традиција и емоција – Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга Ве поканува на незаборавен настан!
На 03.07.2025г. (четврток), со почеток во 20:00 часот, во големата сала при центарот
настанот под наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ ќе ве поведе низ богатото културно наследство на нашата земја. Ансамблот „Танец“ ќе го донесе духот на традицијата преку маестрални кореографии, живописни костими и звучни народни мотиви што ќе ги разиграат нашите срца.
Драги стружани, да ги пречекаме со отворено срце и големо гостопримство – онака како што само ние знаеме!
„Танец“ – е повеќе од ансамбл, повеќе од сцена!
🎫 Билетите се по цена од 250 денари.
_____________________________________________________________________
РИТАМОТ НА ДУШАТА, БОЈАТА НА ТРАДИЦИЈАТА

76 ГОДИНИ НАЦИОНАЛЕН АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И
ПЕСНИ „ТАНЕЦ“, 76 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОД
Основан во 1949 година во Скопје, ансамблот Танец веќе 76 години е еден од
носечките столбови на македонската традиција и култура, и недвосмислено, е
еден од најважните темели на македонската државност. Формиран со цел да
ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните
инструменти и носии, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги
претстави највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ, тој
веќе седум и пол децении ги испишува најблескавите страници на
македонската културна историја. Благодарение на сите генерации уметници,
што ја градеа и реализираа јасно поставената програмската активност на
основачите, ансамблот низ годините се развиваше и прерасна во институција
за почит, издигнувајќи се на нивото на уметничка извонредност и симбол на
културна раскош пред публиката ширум светот.
Како подвижен музеј на македонското културно богатство, ансамблот во текот
на овие 76 години остави светол белег на најпрестижните сцени во сите
светски метрополи, на сите континенти и оствари над 5000 незаборавни
концерти. Репертоарот на Танец содржи повеќе од 90 кореографии и неколку
стотици вокални и инструментални творби, преку кои ансамблот ги
претставува разновидните музички и кореографски традиции од сите региони
каде што се создавал богатиот македонски фолклор. Во фундусот на Танец се
наоѓа и уникатна збирка од 3000 автентични носии со исклучителна вредност
и убавина, па оттука, секој настап на Танец е едно комплетно аудио-визуелно
доживување.
Денес, Националната установа „Ансамбл за народни игри и песни – Танец“ е
модерна институција, со приближно 100 вработени. Танец ја има на ум
целокупната седумиполдецениска посветеност и страст на сите генерации
извонредни играорци, песнопојци и свирачи, кои оставиле драгоцен дел од
својот живот на сцената. Нивната непоколеблива заложба за зачувување и
промовирање на македонската народна традиција, не само што го збогати
македонскиот културен пејзаж, туку ја одигра и улогата на транскултурен и

сеопшт катализатор за дијалог и единство во глобални рамки. Нема да е
претерано ако се каже дека недвосмислената убавина на македонскиот
фолклор е вистински бисер во ѓерданот на светското културно наследство, а
Танец е неговата најважна алка.
Ансамблот Танец е македонска и светска гордост. Танец е всушност
македонскиот идентитетски код.





Advertisement
Share with someone you care for!

Best of Ohrid Events in Your Inbox