Event

„Соочување со антропоценот“ од Ијан Ангус (промоција)

Advertisement

Во ерата на деструкцијата и дистракцијата, пред нашите очи се случуваат тектонски поместувања во функционирањето на Земјиниот систем. Никогаш порано во историјата на Земјата некој вид не се стекнал со толкава моќ да стане геолошка сила што ќе влијае врз физичките процеси на планетарно ниво и ќе предизвика формирање на нова геолошка епоха. Сепак, далеку од тоа да претставува некаков успех, стекнувањето со оваа моќ резултира со покренување на Шестото масовно изумирање на живиот свет на Земјата и претставува сериозно закана дури и за иднината на самонареченото најинтелигентно суштество на планетата, кое може да заврши, крајно неинтелигентно, сечејќи си ја гранката врз која седи.

Зошто состојбата на Земјините екосистеми се влошува со сè побрзо темпо? Која е улогата на капитализмот во создавањето на новата геолошка ера, која научниците ја нарекуваат антропоцен? И што може да се направи за да им се застане на патот на злокобните еколошки трендови? Ова се клучните прашања, исклучително важни за човештвото и за останатиот жив свет, за кои Ијан Ангус расправа во „Соочување со антропоценот: Фосилниот капитализам и кризата на Земјиниот систем“.

Ијан Ангус (1945) е екосоцијалистички автор и активист од Канада, еден од најзаслужните на светско ниво за популаризација на екосоцијалистичките идеи. Тој е уредник на реномираното списание „Клима и капитализам“, често пишува за „Мантли ривју“ и е еден од основачите на Глобалната екосоцијалистичка мрежа. „Соочување со антропоценот“ е објавена во повеќе земји, вклучувајќи ги Индија, Франција, Италија и Германија, додека во САД за кратко време доживеа четири изданија.




Advertisement
Share with someone you care for!

Best of Skopje Events in Your Inbox