Концерт „Хаус Музика - 40 години љубов, ритам и еднаквост“
Advertisement
Концерт „Хаус музика - 40 години љубов, ритам и еднаквост“ во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“
Оваа година се навршуваат 40 години од препознавање на хаус музиката како засебен музички жанр, создаден раните 80-ти во Чикаго, САД. Во нашата клубска култура, овој жанр на музика е доминантен од самите почетоци, а денес е дел од програмата на секој простор каде се ангажира ди-џеј. Во рамките на овогодишното „Скопско лето“ тројца наши хаус ди-џеи, кои вредно работеле изминативе декади на популаризирање на оваа музика во клубовите, но и на медиуми, особено на радио и ТВ емисиите, ќе нè потсетат со журка на отворено на големото значење кое го има овој жанр музика низ декадите клубско живеење.
Јулијана Милутиновиќ, Зија Вишко и Зоки Бејбе низ голем број радио емисии континуирано го промовираа овој жанр музика, информирајќи за работата на цела наша клубска електронска сцена. Нивните ди-џеи настапи заедно со останатите хаус ди-џеи, продуценти и промотери во Скопје буквално нашата сцена ја прават препознатлива глобално. Денес Скопје има и нова генерација уметници во оваа област кои создаваат хаус музика и организираат хаус забави и диџејуваат во земјава и во странство.
Во чест на овој жанр музика, кој ги крши сите бариери и создава буквално секој да биде еднаков со секој на подиумите без предрасуди, Скопско лето ве кани на отворена журка.
Влезот е слободен.
Нашите пријатели од Лабораториум ќе се погрижат за освежувањето.