Џез концерт на Ѓорги Шаревски Трио
Advertisement
Џез концерт на Ѓорги Шаревски Трио со Акира Накамура - тапани (Јапонија) и Оливер Јосифовски (контрабас)
Георги Шаревски - гитара
Акира Накамура - тапани (Окинава, Јапонија)
Оливер Јосифовски - контрабас
Извонредна интеркултурна соработка, каде што триото на Георги Шаревски се обединува со еминентниот јапонски тапанар Акира Накамура за динамичен настап што умешно ја обединува источната прецизност со европската џез естетика.
Предводено од македонскиот гитарист и композитор Георги Шаревски, фокусот на ова посебно трио се автентични авторски композиции, прецизна меѓусебна комуникација и соврмени хармонски структури. Со приклучувањето на Накамура и неговиот изразен ритмички јазик и смела импровизациска визија, овој исклучителен настап претставува возбудливо музичко патување исполнето со спонтаност, експлозивна енергија и бесконечен грув.
Публиката ќе има можност да слушне внимателно избрана програма составена од авторски композиции, кои ги прошируваат хоризонтите на современито џез израз.
Билетите ќе се продаваат по цена од 400 денари пред почетокот на настанот на влез на Сули ан.
Нашите пријатели од Лабораториум ќе се погрижат за освежувањето.
.
.
.
Георги Шарески е гитарист, композитор и аранжер кој се истакнува со својот препознатлив стил, во кој на
иновативен и суптилен начин ги обединува богатите балкански ритми со елементите на џез, фјужн и
современа класична музика. Неговата музика се карактеризира со длабока емоционалност, комплексна
хармонска структура и суптилна техничка виртуозност.
Со досега објавени девет авторски албуми, Шарески гради плодна кариера како соло артист, но и како
соработник со врвни музичари од Македонија, Балканот и пошироко. Неговите проекти често ја надминуваат
жанровската ограниченост, при што се чувствува силно влијание од традицијата, но и јасна визија за
современото музичко изразување.
Шарески редовно настапува на реномирани фестивали и концертни сцени низ Европа и светот, каде неговиот
сензибилитет и оригинален пристап кон гитарата добиваат голема почит и интерес од критиката и публиката.
Со своето уметничко делување, тој активно придонесува за меѓународната афирмација на македонската
современа музика.
Оливер Јосифовски е истакнат контрабасист, композитор и продуцент со уникатна уметничка визија, кој
повеќе од две децении ја обликува македонската музичка сцена. Неговиот музички јазик се движи меѓу
корените на традиционалната македонска музика и слободата на џезот, со авангардни и експериментални
елементи кои му даваат оригиналност и длабочина.
Како коосновач на култната група „Љубојна“, Јосифовски има клучна улога во создавање на современ пристап
кон етно музиката, внесувајќи нов дух и енергија во изведбата на македонското музичко наследство. Покрај
работата со бендот, тој има богата кариера како композитор на музика за театарски претстави, филмови и
телевизиски проекти, каде што неговиот препознатлив стил доаѓа до израз преку експресивноста и
атмосферата што ја создава.
Со својот инструментален израз и продукциски сензибилитет, Јосифовски постојано гради мостови помеѓу
традицијата и модерноста, станувајќи една од највлијателните и најценети фигури во современата македонска
музичка продукција.
Роден во Окинава, Јапонија, Акира Накамура е професионален тапанар, музички продуцент и композитор.
По дипломирањето на престижниот Berklee College of Music, ја започнува својата кариера во САД, а
подоцна настапува низ Германија, Кина и Јапонија, свирејќи во жанрови како џез, поп и фанк. Во 2023
година го започнува својот соло проект „akira.drums“, препознатлив по иновативниот пристап и
автентичен звук. Накамура има делено сцена со врвни музичари како Хироми Уехара, Дејвид Фјузински,
Сем Кинингер, BIGYUKI и Kokolo Afrobeat Orchestra.
Во своето прво гостување во Македонија, Акира ќе настапи во трио со двајца истакнати македонски
музичари: гитаристот и композитор Георги Шарески, и контрабасистот Оливер Јосифовски.